Ја употребила четкичката за шминкање од пријателката, па завршила во инвалидска количка

Џо Гилкист (27) е мајка на 2-годишниот Томи. Поради инфекција од бактеријата стафилокока, Џо нема контрола над целиот долен дел од своето тело и доживотно останала прикована за инвалидска количка. Со бактеријата се заразила  преку четкичкa за шминкање. Се почнало како блага болка во грбот. Џо прво мислела дека грбот ја боли  поради лошото држење, но болката станувала се полоша и полоша.„Болката беше страшна и ништо не ми помагаше. Навистина мислев дека ќе умрам. Болката беше посилна од онаа за време на породувањето“, рекла 27 – годишната Џо.
Докторите прво биле  збунети од нејзиниот случај, а за тоа време таа го губела чувството  во телото. А нозете престанала потполно да ги чувствува.

Потоа Џо била префрлена во болница во Брисбејн каде ѝ била извршена итна операција. Кога се разбудила, ја дочекале ужасни вести.
Ѝ рекле дека телото ѝ било зарзено со златна стафилокока, бактерија отпорна на антибиотици. Инаку, таа бактерија е вообичаена и се наоѓа на кожата или во носот. Но, понекогаш може да предизвика сериозни инфекции, а се шири со директен контакт и користење туѓи лични хигиенски и кометички предмети.
 „Единствено на што можам да се сетам е четкичката за шминкање на мојата најдобра пријателка“,  се сетила Џо.

Нејзината пријателка се чувствувала ужасно, но Џо е свесна  дека тоа не е нејзина вина.
„Таа имала инфекција на лицето а јас ја искористив нејзината четкичка. Не знаев  дека тоа може да се случи. Делев се со нејзе“, рекла 27-годишната мајка.
Бактеријата ѝ се проширила во телото поради нејзиниот слаб имунитет и  сериозно  ѝ го оштетил рбетот, толку што никогаш повеќе нема да може да оди.
„Кога ми го кажаа тоа, се почувствував празно и ми потекоа солзи“.
Но, младата Џо одлучила да се бори против болеста и повторно да научи да оди. По две недели, напредувала и ѝ рекле  дека може да се движи по еден час дневно.
„Можам да одам да пазарам, да завршам некои домашни обврски. Среќна сум, не го очекував ова“
Џо  го изгубила чувството во целиот долен дел од телото и веќе никогаш нема да може да ги контролира цревата и мочниот меур, но докторите и понатаму се обидуваат  со силни антибиотици да ја исфрлат бактеријата од нејзиното тело.

Џо , која ќе мора да остане уште три  месеци во болница, смета дека се се случува со причина и дека добила втора шанса за живот, а моментално се обидува да научи да живее во инвалидска количка и така да се грижи за синот  Томи кој моментално живее кај нејзините родители.
Нејзиното семејство и пријателите ѝ го разубавиле престојот во болница така што на фејсбук ја прошириле информацијата дека Џо сака  да се запознае со својт најомилен музичар Сет Сентри. Сентри  ја видел објавата, но не можел да дојде во болницата  бидејќи моментално се наоѓа на турнеја.„Болката беше страшна и ништо не ми помагаше. Навистина мислев дека ќе умрам. Болката беше посилна од онаа за време на породувањето“, р

Пронајдете не на следниве мрежи: