Шест ситуации во кои можат да ви помогнат лушпите од јајца.Освен што е најчесто користена намирница како состојка во рецепти или како оброк, јајцето има низа ведности и откако ќе ја употребиме неговата содржина. Лушпата од јајце е пријател на кожата, домаќинството и домашните миленици. Ви преставуваме шест употреби на лушпите од јајца.
1.Природен пестицид
Строшете лушпа од јајце и со нејзе направете круг околу билката во градината, лушпата ќе ја заштити билката од навала на мали штетницикако гасеници и полжави и делува како природен пестицид.
2. Чистач на каменец
Лушпата од јајце добро иситнете ја, најдобро во кујнска крпа удирајќи ја со сукалка. Потоа лушпата помешајте ја со јаболков оцет и користете ја како абразивно средство за отстранување каменец од мијалникот, термосот и садовите.
3. Поагало во кујната
На дното од јајцето направете мало дупче и нежно истресете ја целата содржина од јајцето. Лушпата измијте ја под млаз вода, исушете ја и користете ја како калап за изработка на пример за чоколадни јајца.
Освен во кујната лушпата од јајца е корисна и за нашиот организам
4. Најевтин водинсталатор
Неколку лушпи од јајце столчете ги и ставете ги во одводот, па пуштете да тече вода. Лушпата ќе помине низ цевките и на себе ќе ги собере нечистотијата и маснотиите и ќе ги отстрани.
5. Средство против чешање
Лушпите од јајце ставете ги во тегла со јаболков оцет во период од два дена. Лушпата ќе омекне и ќе се создаде хомогена смеса која можете да ја користите кај иритација на кожа и чешање посебно кај оние предизвикни од убоди од инсекти.
6. Додаток во исхраната на домашните миленици
Лушпата од јајце ставете ја во рерна половина час на температура од 250 степени. Лушпата можете да ја оладите и да ја префрлите во пластична кеса и да ја иситните. Иситнетата смеса ставете ја во храната на своето куче како додаток за здрави коски и заби на вашето милниче.Освен што е најчесто користена намирница како состојка во рецепти или како оброк, јајцето има низа ведности и откако ќе ја употребиме н



