Приказната што се крие зад оваа фотографија предизвика ВОСХИТ кај луѓето!

Во 2006 година, инвеститори сакале да купат голем простор за да изградат шопинг центар во Сиетл, Вашингтон. Но, постоел проблем: на планираниот простор се наоѓала куќата на Едит Мејсфилд (84), која не сакала да се откаже од куќата.Откако ја одбила понудата вредна милион долари, било испланирано трговскиот центар да ја заобиколи нејзината куќа – фотографијата кажува сѐ!
Веднаш штом веста за нејзиното противење се проширила по интернетот, нејзината куќа станала симбол за борбата против растот на корпоратизмот. Нејзината постапка станала инспирација за анимираниот филм „Up“, кој постигна голема популарност.
Едит починала во 2008 година и му го припишала домот на Бери Мартин, кој е главен шеф за изградба на неколку објекти од нејзиното соседство. Тие станале пријатели со тек на годините.
Иако иднината на куќата била неизвесна, Бери решил да ја реновира и да ја даде на аукција. Во март 2015 година, куќата не можела да се продаде на аукција за 170.000 долари, бидејќи цената доаѓала со неплатен данок.
По пропаднатата аукција, куќата повторно била понудена на продажба (овојпат без заостанатиот даночен долг) и била продадена на купувачот кој понудил најмногу пари.
Погледнете го видеото од оваа симболична куќичка:Откако ја одбила понудата вредна милион долари, било испланирано трговскиот центар да ја заобиколи нејзината куќа – фотографијата кажува сѐ!

Пронајдете не на следниве мрежи: