Аспартамот најчесто се користи како замена за шеќерот. Тој се содржи во речиси секој диетален производ во кој нема шеќер и дава сладок вкус.Сепак, научниците со години предупредуваат на штетното влијание на оваа супстанца врз организмот. Според голем број на студии, аспартамот е карцероген и предизвикува рак кај луѓето кои го конзумираат често и во големи количини.
Интересно е дека постојат и истражувања кои тврдат дека супстанцата е сосема безбедна. Една од причините за поделбата во експертските кругови е недостатокот на доволно категорични податоци за самиот процес на карцерогенезата на нервните ткива во човечкиот организам, како и за настанувањето на ракот во целина. Затоа е невозможно да се тврди со сигурност кои точно материи за виновни за појавата на ракот и кои се целосно безбедни.
Покрај тоа, постојат сомневања за истражувањата кои покажале дека туморите се предизвикуваат од аспартам. Многу научници се сомневаат дека нивните колеги прават бизнис од истражувањата со тоа што намерно објавуваат резултати кои ќе бидат во корист на нечии интереси. Поконкретно, интересите на мегакорпорациите.
Во периодот од 1976 до 1998 година, се направени вкупно 166 истражување за својствата на аспартамот и неговото влијание врз човечкиот организам. Се испостави дека од сите нив, едвај 92 од анализите биле направени од страна на независни организации. Останатите 74 биле спонзорирани од корпорации кои произведуваат производи што содржат аспартам. Секако, сите нивни истражувања докажале дека супстанцата е 100% безбедна.
Во исто време, 92% од независните истражувања покажуваат проблеми како последица од прекумерната потрошувачка на овој засладувач. А оние кои не наоѓаат штета во супстанцата, биле спроведени од страна на Администрацијата за набавка на храна во САД, која од 1981 година ја дозволи употребата на аспартамот во сувата храна.Сепак, научниците со години предупредуваат на штетното влијание на оваа супстанца врз организмот. Според голем број на студии, аспартамот е ка



