Оваа фотографија му донесе Пулицер, но воедно и скапо го чинеше!

Фотографот Кевин Картер во 1993 година ja сними една од најпотресните фотографии во историјата, за која доби и Пулицерова награда во 1994 година. Фотографијата имала огромно влијание врз животот на овој јужноафрикански фотограф, чиј живот завршил трагично.Имено, тој пред 22 години допатувал во Судан заедно со конвојот на Обединетите нации.
Хуманитарците на тоа место делеле помош и храна, а тој ја обиколувал околината кога налетал на застрашувачка глетка.
Картер снимил излгаднето девојче кое со последни сили ползело до местото каде што се дели храна. Тоа место било оддалечено само пет минути, но на неколку метри од неа стоел лешинар кој ја демнел, чекајќи да умре.
Кога го фотографирал несреќното дете, Картер се свртел и се вратил во центарот, бидејќи морал да ги испочитува правилата кои ги добил од хуманитарците. Тие му рекле дека не смее да ги допира децата поради опасноста од бројни зарази. Никогаш не открил дали детето успеало да се спаси и да преживее.

The New York Times ја објави оваа фотографија, по што се појавила и во останатите познати весници на планетата.
Веднаш потоа следувало најголемото признание кое некој новинар може да го добие. Меѓутоа, три месеци подоцна, Картер се упатил во Паркмор – местото на кое си играл кога бил мал. Тогаш поврзал еден крај од цревото со ауспухот од автомобилот, а другиот крај го провлекол низ прозорецот од автомобилот.
Седнал во автомобилот, го стартувал и починал од труење со јаглерод моноксид. Тогаш имал само 33 години. Пред да го изврши самоубиството, тој оставил проштално писмо:
„Жал ми е, многу ми е жал… Болката која што ја почувствував во овој живот ги надмина сите радости. Ме прогонуваат страшните сеќавања на изгладнетите и ранети деца… Одам да му се придружам на Кен, ако имам доволно среќа“, напишал ожалостениот фотограф.Имено, тој пред 22 години допатувал во Судан заедно со конвојот на Обединетите нации.
Хуманитарците на тоа место делеле помош и храна, а то

Пронајдете не на следниве мрежи: