Една млада девојка очајно се борела со анорексијата, што нејзината мајка почнала да го планира нејзиниот погреб. Пред само 18 месеци, Сиан Кларк имала 23 килограми, а нејзината мајка рекла дека ѝ се гледале сите коски.Но, оваа храбра девојка се вратила од бездната и вели дека таа е доказ дека нарушувањето во исхраната не мора да претставува смртна казна.
„Се чувствувам сјајно. Немојте погрешно да ме разберете, бидејќи и јас имам свои лоши денови. Постојат моменти кога ќе застанам на вага и си помислувам: Што направив? Оваа болест го презема мојот живот кога имав само 15 години. Не можев нормално да живеам. На сите оние кои поминуваат низ истото, сакам да им порачам дека мораат да веруваат во себе. Морате да се фокусирате на причината поради која се најдовте во овој магичен круг. Можете да ја победите болеста“.
Сиан од Бирмингем откри дека почнала да се бори против анорексијата кога имала само 15 години и кога била злоставувана во училиште. Своите тинејџерски години ги поминала во центри за лекување, но и понатаму опасно ги губела килограмите.
Во јуни, 2013 година, таа претрпела срцев удар.
„Тоа беше најлошото нешто што можеше да ми се случи. Тоа беше најголемиот кошмар што може една мајка да го доживее. Седев покрај нејзиниот кревет и размислував како треба да го испланирам последното испраќање на мојата ќерка“, изјави нејзината мајка.
Сиан потоа беше итно пренесена во друга болница, каде што почна да се лекува. Нејзиниот индекс на телесната маса бил 9, а нормалниот треба да изнесува 18-26 кај здраво 19-годишно девојче.
„Технички, таа не требаше да биде жива со 23 килограми. Сиан беше толку слаба, што буквално можеше да ѝ се види секоја коска, а забите ѝ се гледаа од устата“.
Но, таа го продолжи лекувањето и полека почнала да се чувствува подобро. Сега сака да им помогне на другите кои страдаат од нарушување во исхраната.
Меѓутоа, нејзиното закрепнување сѐ уште не е конечно, но засега се надева дека набрзо ќе се врати дома.Но, оваа храбра девојка се вратила од бездната и вели дека таа е доказ дека нарушувањето во исхраната не мора да претставува смртна казна.



