Писмо до детето кое ја малтретира мојата ќерка: Ти не си ги видел нејзините солзи!

Потресена од тоа што нејзината ќерка секој ден доаѓа во солзи од училишто, една мајка напишала анонимно писмо. Во писмото пишува за тоа како нејзината ќерка престанала да се смее и се обраа до  детето кое ја млтретира на училиште.„Ти не си ги видел солзите на лицето на мојата ќерка кога ќе дојде и ќе ми каже дека имала ужасен ден на училише. Денес си одбил да работиш  со нејзе на групен проект со зборовите ‘што ќе си ни ти? Не ни се допаѓаш. Зошто во нашата група не може да биде некој друг?’
Плачеше затоа што последна е избрана за тоа. Плачела кога  единствена не била повикана на роденденска забава. Постојано ме прашува зошто не е како сите други  во одделението и зошто сите постојано ја изоставувате. Ме прашува што не е во ред со нејзе и зошто сте толку лоши кон нејзе?
Можеби ти само сакаш  да бидеш како и сите други во твоето одделение и не сакаш да отстапуваш и да прифатиш дете кое е поинакво од тебе, кое зборува друг јазик, кое се облекува поинаку. Можеби твоите родители зборуваат сешто за нашето семејство. Можеби другите зборуваат грди работи, а ти едноставно се вклучуваш во тоа.
А можеш ли да замислиш како  се чувствува моето мало девојче? Се чувствува осамено и изолирано. Таа едноставно сака да стекне пријатели и да се забавува како и сите други. Таа не сторила ништо лошо. Затоа не може да разбере зошто се сите лоши кон неа. Зошто сите престануваат да зборуваат кога таа ќе се појави. Зошто никогаш не може да го каже своето мислење.
Можеби ти се чувствуваш добро и убаво ти е додека се забавуваш со другарчињата, но мојата ќерка повеќе не се смее. Таа не се шали, не пее. Нејзиниот живот просто ѝ е суров и сериозен. Таа само сака да се сокрие од се и од сите.

Од добар ученик таа дојде до девојче на кое главата ѝ е полна со се и сешто, па не може да се сконцентрира на учењето. Таа е девојче кое се буди  среде ноќ со главоболки бидејќи премногу размислува за тоа каков е нејзиниот живот. Кога ќе стане има подочници затоа што не спие убаво. Единствена утеха наоѓа во храната и се дебелее забрзано.

Без оглед на тоа колку  љубов и поддршка ѝ пружаме, секој ден мора да се врати на оној дел од својот живот кој ја прави несреќна. Ти можеби мислиш само да се забавуваш, но твојата забава ја уништува мојата ќерка и моето семејство. Ме убива тоа што секој ден ја гледам како страда. Кога родителите и наставниците ќе ми кажат дека не гледаат  проблем и дека „сите деца се такви“, сфаќам дека тие не гледаат на тебе како на проблем.
Во сите други ситуации на ова би се гледало како на злоставување. Но мојата ќерка продолжува да страда. И јас продолжувам да ја прегрнувам секој ден, додека плаче- таа се убива од болка и не сфаќа со што го заслужила тоа.
На сите деца кои ја малтретираат мојата ќерка им поставувам прашање: дали планирате да ја злоставувате: или едноставно не размислувате за чувствата на лицето кое го малтретирате?“„Ти не си ги видел солзите на лицето на мојата ќерка кога ќе дојде и ќе ми каже дека имала ужасен ден на училише. Денес си одбил да работиш&n

Пронајдете не на следниве мрежи: