Ненад Ќ. од Белград го запрепастил персоналот и сите оние кои се нашле на одделението за ургентна медицина бидејќи во кеса ја донел змијата, како доказ дека го гризнала.„Дежурниот доктор веднаш го прашал каков проблем има и тој одговорил дека го каснала змија. Бидејќи тој барал детално објаснување, односно го прашал дали е сигурен дека се работи за змија, Ненад смирено им им рекол дека ќе им докаже“, раскажува Мирјана Деспотовиќ, потпарол на болницата.
Сите помислиле дека ќе извади мобилен телефон за да им покаже слика од змијата.
„Тој од торбата извади пластична кеса во која беше змијата. Сите се запрепастија, се слушнаа и врисоци, а Ненад ја изнесе кесата со змијата надвор и ја предаде на роднината која дошла со него“, велат од болницата.
Како што е објаснето, змијата го каснала за раката. Примил потребна терапија, и бил задржан неколку часа, а потоа во добра општа состојба бил пратен дома.
Сепак, постапката на Ненад ги изненадила сите, а по првиот впечаток на запрепастеност, случката подоцна ја раскажале низ смеа.„Дежурниот доктор веднаш го прашал каков проблем има и тој одговорил дека го каснала змија. Бидејќи тој барал детално објаснување, одно



