Хирурзи и стоматолози во најголемиот индиски град имале буквално полни раце работа во текот на интервенцијата на вилицата на 17 гонишно момче Ашик Гавај. Момчето дошло во болница жалејќи се на отечена вилица, за потоа стоматолозите да му извадат 232 заба „бели како бисер“ и „цврсти како мермер“ во операцијата за каква светот веројатно досега не слушнал.Гавај во стигнал во локалната болница држејќи се за долната отечена вилица и докторите веднаш констатирале за што се работи. Докторката Сунанда Диваре Палванкар, шеф на стоматологија, уочила дека Гувај има сложен случај на неизраснати заби.
„Го опериравме во поноеделникот, а операцијата траеше скоро 7 часа. Мислевме дека ќе биде прост хируршки зафат, но штом го отворивме здогледавме низови заби бели како бисери внатре во вилицата“, рекла докторката.
Откако ги остраниле, хирурзите наишле на поголема структура која личела на мермер која не можеле да ја искорнат цела, па морале да ги сечат и да ги вадат дел по дел.
Таткото на Гавај вели дека семејството се плашело дека отокот е од малигнен тип.
„Се плашев дека ќе се испостави дека се работи за рак и затоа го доведов во Мумбај“, рекол Суреш Гавај.
Докторите велат дека стручната литература до сега забележала најмногу 37 извадени заби од пациент во ваква состојба, па затоа операцијата на Гавај е веројатно нов рекорд.
Гавај во стигнал во локалната болница држејќи се за долната отечена вилица и докторите веднаш констатирале за што се работи. Докторката Сунан



