Колку пати сме сонувале нешто и сме се запрашале дали сонот ќе ни се оствари? Овој човек бил уверен дека неговиот сон ќе се исполни… Меѓутоа, се случило нешто друго…Еден келнер дознал дека освоил џекпот на лотаријата Еуромилион, а веќе следниот ден неговиот сон се остварил. Имено, благодарејќи на својот сон тој освоил милион фунти.
Фатих Озџан, кој работи како келнер во турскиот ресторан во Јорк, мислел дека неговите финансиски проблеми се решени.
Но, тој завршил на судење, бидејќи неговиот шеф Хајати Кучукојолу тврдел дека добивката е всушност негова. Веднаш по сите препирки, судот пресудил дека страните ќе мора да ја поделат добивката.
Но, еве како течела приказната…
Ова е приказната: Фатих сонувал дека држи големо количество пари во раката, а пред него стоел неговиот шеф. По многуте инсистирања, Фатих наредниот ден го натерал шефот заедно да ја купат добитната среќка.
Меѓутоа, кога шефот ја слушнал среќната вест, тврдел дека тој е единствениот победник и инсистирал дека парите се негови.
Во страв дека ќе го загуби својот дел, Фатих ја повикал полицијата и лажно го обвинил шефот дека му го украл добитното ливче. Шефот бил уапсен и држен во притвор повеќе од девет часа.
Кога конечно излегол од затвор, дознал дека Фатих го напуштил работното место и се преселил на непозната адреса.
По сите овие работи, судијата пресуди дека добивката ќе ја поделат на пола.Еден келнер дознал дека освоил џекпот на лотаријата Еуромилион, а веќе следниот ден неговиот сон се остварил. Имено, благодарејќи на својот сон тој



