НАЈВЕРОДОСТОЈНО: Еве што значат симболите во вашата шолја кафе

Турското кафе е можеби најомилениот пијалак на луѓето кај нас. Не буди наутро, го користиме како изговор за да се видиме со пријателите, но има и уште нешто: Многумина знаат преку знаците во кафето да ја толкуваат судбината.Се надеваме дека овој наш толковник за гледање на кафе ќе ви се најде во наредниве летни денови кога со пријателите и пријателките ќе уживате во дружењето и кафепиењето.
АВАН – потрудете се повеќе на работа
АНГЕЛ – радосен настан во семејството
БАБА – жалост во семејството
БАВЧА – ќе бидете во весело друштво
БЕСИЛКА – несреќа
БИК – ако и гледате на жена: упорен додоворувач, ако му гледате на маж: кавга со пријателка
БРОД – богатство, добивка
БРОЕВИ – искористете ги броевите од кафето во игри на среќа, како лотарија
БУБАЧКИ – ситна кражба или штета
БУКВИ – ќе се случи нешто во врска со личност чие име почнува ан буквата која ај гледате
БУКЕТ – трајна љубов
БУНАР – чувајте се од некоја замка
БУРЕ – успешно завршена работа
ВАГА – во долниот дел од филџанот: недоразбирање во семејството, во горниот дел: успех
ВАЗА – ќе го сочувате достоинството
ВЕРВЕРИЧКА – многу брзо ќе доживеете радосен настан
ВЕНЕЦ – несреќа, смрт
ВОДА – млаз вода на дното на филџанот: голема заработувачка
ВОЛ – ќе ви се додоворува оженет човек/мажена жена

ГАВРАН – лоши вести
ГЛУШЕЦ – ситна кражба
ГНЕЗДО – Среќа во семејството
ГОЛ ЧОВЕК ИЛИ ЖЕНА – неисполнето ветување, срам, непријатност
ГРМУШКА – Повеќе појавувајте се во јавност
ГРОБ – на дното на филџанот: смрт на блиско лице, од страна на филџанот: смрт во околината
ГРОЗЈЕ – голема среќа, долг живот
ГУЛАБ – писмо со пријатни вести, добивка на лотарија
ДЕТЕ – крштевка, кумство
ДИВИ ЖИВОТНИ (волк, лисица, лав, тигар…) – чувајте се од некој пријател
ДНОТО НА ФИЛЏАНОТ – ако е црно: богатство, ако е празно: претстои сиромаштија и тешки денови
ДРВЈА – имате добри пријатели, ќе ви се исполни некоја желба
ДРУШТВО – веселба
ЃАВОЛ – добивка на лотарија
ЃУБРЕ – болест
ЕЛКА – болест на мајка или баба
ЕЛЕН – ќе бидете во душтво на човек на висока положба
ЖАБА – интриги
ЖЕНА – во горниот дел од филџанот: среќа, во долниот дел: љубомора, ако е гола: срам
ЗАПЧАНИК – промена на подобро
ЗИМА (СНЕГ) – немаштија, болест
ЗМИЈА – непријателство
ЗНАМЕ – среќа, успех
ЅВЕЗДА – среќа, остварување на некоја мечта
ЅИД – откажете се од некои некорисни работи

 
ЈАБОЛКО – љубовни гласови, љубење
КАМШИК – ве озборуваат
КЛУЧ – успех во работата
КНИГА – некој ќе ви се довери за нешто
КОЛА – ако е полна: смрт на пријател, ако е празна: неизвесно патување
КОНОП – ќе бидете неосновано обвинети за нешто
КОЊ – ако гледате на девојка: сторјници, ако гледате на момче: успех во работата, ако гледате на личност во брак: љубовна авантура
КОТВА – надеж, смирување, стабилизација
КОФА – успех
КРИН – среќа, долг живот
КРСТ – ако е црн на бела површина: среќа, ако е бел на црна површина: несреќа, смрт
КРУГ/ОВИ – неизвесност, двоумење
КУЛА – долг и среќен живот
КУФЕР – ќе добиете писмо или вест
КУЧЕ – поддршка од пријател, повеќе кучиња: пријатни вести
КУЧЕШКА ГЛАВА – верност
ЛИСИЦА – подмолност, неискреност
ЛИСТ ОД ДЕТЕЛИНА – среќа
ЛИСТ ОД ДРВО – солзи, тага
ЛОПАТА – кавга со некој сосед
МАЧКА – кавга во домот, несогласување со пријателите, штета
МЕСЕЧИНА – млада: брак од љубов, полна: богат брак
МЕЧ – некој ќе ви укаже почит
МОСТ – ќе ги отстраните пречките
МРТОВЕЧКИ САНДАК – ќе имате несакани гости

 
НИВА – благосостојба
НОГА – кратко патување
НОС – некој се распрашува за вас
ОБАЦИ – се ќе ви биде ведро и весело, мали облаци: озборување, ретки облаци: пари
ОБУВКИ – гости од далеку
ОВОШЈЕ – здравје и добро расположение во домот
ОРЕЛ – бидете внимателни
ПАТ – патување
ПАУН – мил гостин во домот, ако е со раширено перје: остварување на сите желби
ПИСМО – пријатни вести
ПОКРИВ – нова куќа
ПОШТАР – ако е на дното на филџанот: добри вести, ако е од страна: лоши вести
ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ – кавга со љубовниот партнер
ПРОЗОРЕЦ – вашите соседи се интересираат за вас
ПРСТЕН – Ако е на дното: венчавка, ако е од страна: откажување на венчавка
ПТИЦИ – пријателство, добри вести
РЕКА (извиткана линија) – раскинување љубовна врска, или сомнежи за неверство во бракот
РИБА – измама
РОГОВИ – опасност во близина
РУЖА – добро здравје и среќа
САБЈА – пофалби, почести
САНКА – несакани настани
СВЕТЕЦ – благосостојба во домот
СВЕШТЕНИК – напредок, успех
СВИЊА – во долниот дел: тешка болест во семејството, од страна: големи непријатности
СИНЏИР – затвор, казна
СЛОН – голема добивка
СОНЦЕ – успех во започнатата работа, општа сигурност
СРЦЕ – нова љубовна врска, ако сте во брак: нова љубов вон бракот

 
ТАБЛА СО ФИГУРИ – посоветувајте се со некого
ТАЛОГ НА ДНОТО ВО ВИД НА БРЕГ – голема добивка, наследство, ако е пресечен, раскинување на љубовна врска
ТАЛОГ НА ДНОТО КОЈ СЕ ЛИЗГА – промена на местото на живеење
ТОВАР – нови работи во животот
ТОЧКА ВО ТАЛОГОТ – ако е бела: озборување, ако е црна: непријатно писмо, повеќе црни точки: подарок
ТЕНЏЕРЕ – свадба
ТРКАЛО – неизвесност
ФЕНЕР – ќе дознаете кој ви наштетил
ЦРВИ – презир, кавга
ЧЕВЕЛ – машки: патување, женски:гостин во куќата
ЧОВЕК – ако е свртен надолу: верност, ако е свртен нагоре: раскинување
ШАПКА – се ви поаѓа од рака
ШИШЕ – добри вести
ШТРК – ако е на дното: новороденче, ако е од страна: загуба на некој пријателСе надеваме дека овој наш толковник за гледање на кафе ќе ви се најде во наредниве летни денови кога со пријателите и пријателките ќе уживате во др

Пронајдете не на следниве мрежи: