„Мојата Ангела ја убија навредите од врсник во училиште“ – Сите пораки останаа во нејзиниот мобилен

Не можеше да се избори со секојдневното навредување и исмејување во училиште. Не можеше.Тивко со солзи во очите и плачлив глас, за прв пат мајката на Ангела Т. (14) која на 27 мај се самоуби со скокање од петиот спрат на недовршениот хотел „Ѕвезда 2“ во Врњачка Бања, ја почнува приказната. Вели дека голем број од тие навредливи пораки останале во телефонот на Ангела.
– Врз основа на пораките од нејзиниот мобилен телефон и по изјавите на децата, се гледа дека другарите и другарките на Ангела бојкотирале игнорирање на вербални напади. И велеле дека е подобро да се убие отколку да дозволи да се рашири приказната за некоја фантомска фотографија. Од последните СМС пораки се гледа кого ќерка ми обвинува за се, дека повеќе ништо не и е важно, а на крајот кажува дека го пронашла решението – вели мајката и додава дека во последните пораки другарите нагласиле дека не сакаат со неа да слават полуматура.
Мајката Марина признава дека Ангела имала проблеми во училиште со учениците.
– На почетокот на учебната година таа го искрши мобилниот телефон. Тогаш одлучив со неа да одам кај психологот. Од него дознав дека таа му раскажала дека другарките ја мразат. Тогаш тој поработи со неа на нејзината самодоверба, и Ангела тоа добро го прифати, се сеќава Марина.
Продолжува на следната страна:

 
– Само по 20 дена од смртта на Ангела, и поради недвосмислените факти дека моето дете е жртва на навреди преку телефон од соученик, во основното училиште е прославена полуматурата без никаква грижа на совест од наставникот, директорот,психологот или родителите на децата. Тоа е капката која ја прели чашата, и ме натера да проговорам.
Сепак, мајката кажува кој е единствен виновник за трагедијата…
– Со работа се борев за пари, за жал немав премногу слободно време да одвојам за нејзиното воспитување. Требаше повеќе време да и посветам на неа, да го следам нејзиното однесување преку социјалните мрежи, преку наставниците, пријателите, познаниците….
Директорката на училиштето не сакаше да каже ништо за случајот, велејќи дека не се запознаени со било каков случај на насилство.
– Немаме информација дека Ангела била жртва на насилство, – вели директорката за српски Блиц.Тивко со солзи во очите и плачлив глас, за прв пат мајката на Ангела Т. (14) која на 27 мај се самоуби со скокање од петиот спрат на недовршениот х

Пронајдете не на следниве мрежи: