Насловот можеби ви делува смешно, но зад него се крие нешто сериозно. Станува збор за научна дисциплина наречена проксемија – наука за личниот простор на луѓето.Сте забележале ли како луѓето ги одбираат слободните места во автобус? Тој што прв ќе влезе седнува каде ќе посака. Потоа секој нареден патник седнува барем едно столче подалеку од најблискиот човек. А кога веќе ќе снема простор за тоа, патниците седнуваат веднаш до некој друг, но со мала доза на резервираност.
Ваквото однесување никој нема да го признае, но сепак сите до еден го практикуваме. Замислете сега, на пример, како во автобусот има само еден патник, а наредниот што ќе влезе од толку многу столчиња го одбира баш тоа до патникот. Оној првиот најчесто станува и се преместува на друго столче, но има и такви кои на љубезен или груб начин го прашуваат човекот зошто седнал баш до нив, па го молат да се преемсти.
Токму ова е предметот на проучување на прксемијата – личниот простор на луѓето и неговото распределување и организирање. Без никаква свесност за тоа, си имаме свои правила и прописи кој и колку смее да ни се приближи.
Во 60-тите години научникот Едвард Хол изготвил дијаграм за тоа на кои луѓе колку им дозволуваме да ни се приближат.
Сепак, растојанијата на дијаграмот не се универзални. Кај секој народ и во секоја култура овие растојанија варираат, најчесто за неколку сантиметри.
Ако имате пријател кој ова едноставно не може да го сфати (има и такви луѓе), споделете го овој текст со него. Можеби ќе го сфати тоа што сте му го зборувале долго време.Сте забележале ли како луѓето ги одбираат слободните места во автобус? Тој што прв ќе влезе седнува каде ќе посака. Потоа секој нар



