Научниците од Универзитетот Калифорнија веруваат дека промените во развојот на мозокот на фетусот можат да предизвикаат симптоми на аутизам и слични пореметувања.Според зборовите на истражувачите, новите податоци ја нагласуваат потребата на рано откривање и третирање на аутизмот, кога се` уште е можно да се модифицираат последиците на воочените промени на мозокот, пренесува ВВС.
Во новата студија се користени податоци кои се собрани преку пост-смртна (post mortem) анализа на мозоците на 22 деца, кои имале 2-15 години.
Со помош на низата на генетски маркери откриено е постоењето на абнормалности во мозокот кај 90% од децата кои имаат аутизам и само 10% кај останатите деца.
Воочените промени биле присутни во деловите на мозокот кој е клучен за јазикот, социјалната и емоционалната комуникација. Имено, станува збор за промени кои настануваат значително пред раѓањето, објаснија научниците.Според зборовите на истражувачите, новите податоци ја нагласуваат потребата на рано откривање и третирање на аутизмот, кога се` уште е можно да се



