Конечно, еве го и последниот дел од одбројувањето на десетте нешта кои ги издвојуваат интуитивните луѓе од останатите.Обрнуваат внимание на своите соништа
Процесот на сонување и интуицијата потекнуваат од исти области на мозокот кои работат несвесно. Можете соништата да ги користите за да си ја засилите интуицијата, бидејќи како и таа, така и тие можат да ви навестат некои работи, или пак да ви понудат креативни решенија за вашите проблеми.
Лесно се справуваат со разочарувањата
Вообичаено сме премногу зафатени со дневните обврски па затоа не забележуваме коа некои луѓе не се искрени со нас. Луѓето со појака интуиција можат навремено да го забележат и избегнат тоа, но и доколку се разочараат, бргу го преболуваат тоа, затао што нивното претчувство и нивната интуиција не им ја засилуваат лажната надеж, туку ги одржуваат подготвени и доколку работите тргант на лошо.
Свесно се ослободуваат од негативните емоции
Силните емоции, особено оние негатвните, можат да ја поматат интуицијата. Тоа се оние моменти кога велиме дека не сме при себе, а всушност губиме контакт со нашата интуиција.
Многу е важно да ги контролираме своите емоции за да се потпреме на интуицијата при носењето важни одлуки, бидејќи во премногу емотивна состојба интуицијата може многу да не изневери.Обрнуваат внимание на своите соништа
Процесот на сонување и интуицијата потекнуваат од ист



