Софи Бурнхем ја дефинира интуицијата како суптилно знаење или чувство за нешто без да знаеме зошто го знаеме или чувствуваме. Еден вид знаење во бесознание. Когнитивната наука се повеќе ја разоткрива мистеријата на тоа чувство некаде внатре во нас кое не тера некои работи да ги направиме поинаку од очекуваното. Прочитајте што се луѓето кои се потпираат на својата интуиција прават поинаку од оние кои не и веруваат многу.Го слушаат внатрешниот глас
Ова е особина број 1 која ги разликува интуитивните луѓе од останатите. Тие не го игнорираат својот внатрешен глас, туку совршено с еконсултираат со истиот при донесувањето важни одлуки и преземањето големи и тешки чекори во животот
За да донесеме правилни одлуки, ни треба урамнотежување на интуицијата, кое може да го премости просторот помеѓу инстинктот и рационалното размислување.
Во никој случај не треба да ја одбиеме научната логика во корист на интуицијата. Можеме да се потпреме на сите овие алатки за да го извлечеме најдоброто од нашите мозоци.
Одредено време го поминуваат сами
Ако сакате да ја развиете интуицијата, морате малку време во денот да си посветите сами на себе, односно да останете сами. Човек кога е сам се впушта во процес на длабоко размислување.
Повеќето интуитивни луѓе се интровертни, но без разлика дали сте интровертни или не, малку време на само со вашите мисли може многу да придонесе за тоа вие самите да се запознаете како личност и да ги откриете вашите способности, граници и цели.
Креативни се
Според Карла Вулф, креативноста најдобро функционира проследена со интуитивност.
Креативните луѓе се интуитивни, а според Бурнхем, вежбањето на едната способност може да ја засили и другата. Значи, ако низ вежби ја зголемите вашата креативност, право пропорционално на неа ќе се зголеми и вашата интуиција.
Постојано се свесни за се
Медитацијата и другите техники за вежбање на свеста се одличен начин да се поврзете со вашата интуиција. Свесноста ќе ви помогне да го филтрирате вашиот ум, да го исфрлите непотребното, и да се усредоточите на моменталната состојба, се со цел да донесете правилна одлука.
Според психолозите, свесноста се дефинира како обрнување внимание на моменталното искуство со нерасудувачки поглед. Според Ариана Хафингтон, прекрасните придобивки од медитирањето се зголемена интуиција и креативност, правилно разликување и расудување и внатрешен мир.Го слушаат внатрешниот глас
Ова е особина број 1 која ги разликува интуитивните луѓе од ос



