4 знаци преку кои може да дознаете дека ќе врне

Научете ги овие лесни природни знаци и дождот никогаш нема да може да ве изненади.1.Набљудувајте ги облаците
Земјата ротира од Запад спрема исток, па така доколку на Запад забележите густа концентрација на облаци од типот нимбостратуси (густи сиви облаци), знајте дека за неколку часа може да очекувате дожд, освен ако ветрот не ги растера облаците на друга страна.
2.Црвено небо
Сигурно сте забележале дека некогаш при изгрејсонце или зајдисонце небото добива црвенкаста или розова боја. Тоа се случува поради високата влажност на воздухот, при што густите честици ја одбиваат сончевата светлина. Тоа е сигурен знак дека следуваат врнежи од дожд.

 
3.Пајажина во тревата
Пајаците обично претчувствуваат кога ќе врне, па затоа слегуваат од дрвјата и своите мрежи ги плетат во тревата, со цел да ловат инсекти чии крилца накиснале па мораат да одат по земјата.

4.Кравите седат и легнуваат
Кравите, како и друг покрупен добиток, обично легнуваат пред да заврне бидејќи не го поднесуваат високиот воздушен притисок. Воздушниот притисок обично е поголем при топло и влажно време, што навестува врнежи од дожд.1.Набљудувајте ги облаците
Земјата ротира од Запад спрема исток, па така доколку на Запад

Пронајдете не на следниве мрежи: