На група тинејџери им било здодевно, па тргнале во потрага по мистериозната жена…Лажна медицинска сестра влегла во една канадска болница и украла дете, старо само 16 часа. Кога во болницата разбрале што се случува ја информирале полицијата, прегледани се и безбедносните камери каде што јасно се гледа и лицето на жената.
Исто така, снимките покажале дека од болницата си заминала со црвена Тојота со натпис „Дете во автомобил“. После неколку минути полицијата објави снимка од нејзиниот автомобил и нејзина фотографија на своите профили на социјалните мрежи.
Група тинејџери, како што велат, во тој момент им било здодевно, па тргнале во потрага по мистериозната жена.
Излегле на улица и го барале црвениот автомобил, кога еден од нив сфатил дека жената ја познава и знае каде живее. Отишле до нејзината куќа и го виделе автомобилот кој полицијата го барала.
Откако се информирани надлежните служби, жената е уапсена и однесена во болница на евалуација, а како што стои во извештајот, детето е добро.Лажна медицинска сестра влегла во една канадска болница и украла дете, старо само 16 часа. Кога во болницата разбрале што се случува ја информирале



