Семињата се доказ дека убавите работи доаѓаат во мали пакувања. Тие се многу здрави и нутриционистите препорачуваат да се конзумираат секојдневно.Ленено семе
Овие семки се богати со протеини, растителни влакна, алфа линоленска киселина, како и омега 3 масни киселини. Тие се борат против слободните радикали, го подобруваат варењето и ја подобруваат работата на кардиоваскуларниот систем.
Семе од тиква
Одличен извор на витамин Е, цинк и манган. Семките од тиква исто така содржат и ретки антиоксиданси. Една лажица семки од тиква содржи 4,7 милиграми здрави масти (мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот а го зголемуваат добриот холестерол). Семките од тиква го зајакнуваат имунитетот и го регулираат нивото на инсулин.
Семе од сусам
Овие семки се богати со калциум, магнезиум и бакар. Тие го зголемуваат нивото на витаминот Е во телото, го подобруваат здравјето на срцето и го јакнат имунитетот. Тие исто така го намалуваат ризикот од мултиплекс склероза.
Семе од сончоглед
Соджат мононезаситени и полинезаситени масти. Богати се со витамин Е и калциум, па се многу добри за коските.Ленено семе
Овие семки се богати со протеини, растителни влакна, алфа линоленска киселина, како и омега 3 масни киселини.



