Австралијанскиот тим на лекари истражувал колку навистина влијае хомеопатијата на лечењето на болестите како што се астма, артритис, наркоманија, настинка, грип и сл.Во најновата научна студија се тврди дека не постојат вистински докази дека хомеопатијата е ефикасна во лечењето на било кое заболување.
Хомеопатијата е всушност правец во алтернативната медицина која во терапијата користи доста мали концентрациски супстанции( лекови) кои предизвикуваат исти или слични симптоми во организамот како и самата болест.
Научниците сметаат дека јавноста мора да биде запознаена со последиците од овој тип на лечење и угираат на лекарите да ги земат во обзир овие научни докази кога ги советуваат пациентите за методите за лечење.
Неправедно е да се донесе заклучок дека некоја терапија е ефикасна само на основа на тоа што некој тврди дека е. Затоа ги предупредуваме сите влади во овие земји, добро да размислат пред да донесат одлука за тоа дали во нивните држаби хомеопатијата ќе биде дозволена во медицинската употреба.
Хомеопатијата не е наука. Таа не е базирана на никакви научни истражувања. Во многу случаеви овој тип на лечење претставува сериозна опасност која може да загрози нечиј живот.
Во најновата научна студија се тврди дека не постојат вистински докази дека хомеопатијата е ефикасна во лечењето на било кое заболување.
Хо



