Упатство и тест за препознавање на психопат!

Иако психопатите обично ги замислуваме како убијци и чудаци кои му припаѓаат на некој друг свет, научникот кој си го посветил својот живот за нивно проучување тврди дека и вашиот колега, пријател, па дури и сопружник би можел да биде еден од нив.Професорот Роберт Хер е творец на PCL-R тестот кој користи посебни методи за утврдување дали некоја личност е психопат, или не. Тој исто така тврди дека овие луѓе не се способни за каење и емпатија и дека чувствата им се површни.
Во екстремни случаи, на нив им е сеедно дали сте живи или мртви. Некои од нив се насилни криминалци, но тоа не важи за сите.
Херовиот тест е едноставен. Станува збор за 20 критериуми, од кои секој носи 0 поени (ако не се однесува на тестираната личност), 1 поен (ако делумно се однесува) и 2 (ако целосно се однесува на испитаникот).
Критериумите се следните:
Речитост и површен шарм, огромна самодоверба, патолошко лажење, препреденост/манипулативност, недостаток на каење, емоционална површност, бесчувствителност и недостаток на сочувство, отсуство на подготвеност да се преземе одговорност за сопствените постапки, често чувство на досада, паразитски начин на живот и недостаток на реални долгорочни цели, импулсивност, неодговорно однесување, неспособност за контролирање на сопственото однесување, упадливо однесување во раните периоди од животот, малолетнички криминал, различни кривични дела, кршење на условната пресуда, повеќе бракови и промискуитетно однесување.

 
Чистиот психопат би имал 40 поени, а секој кој има 30 или повеќе поени ги „исполнува условите“ за дијагноза.
– Постојат луѓе кои ги исполнуваат условите да бидат квалификувани како психопати, но тоа не значи дека би предизвикувале проблеми. Тоа се често и нашите пријатели чие друштво ни е забавно. Можеби понекогаш не искористуваат, но тоа обично не е упадливо. – вели Хер, истакнувајќи дека аутизмот и психопатијата можат да бидат изразени во поголема или помала мерка, односно да се вклопат во рамките на нормалноста.
Некои особини не мора по секоја мера да бидат маани, а во одредени околности дури можат да бидат од корист. Хер и неговиот колега Пол Бабијак напишаа книга со наслов „Змии во одела: Кога психопатите одат на работа“.
Тие анализирале 203 претприемачи и заклучиле дека 4% од испитаниците имале прилично голем број поени на PCL-R тестот.
Повелете и направете го тестот ТУКА, па споделете ги резултатите со нас!Професорот Роберт Хер е творец на PCL-R тестот кој користи посебни методи за утврдување дали некоја личност е психопат, или не. Тој исто така тврди

Пронајдете не на следниве мрежи: