Еве неколку начини да му се помогнете на детето да го надмине стравот од лекар1. Однесувајте се спокојно, иако сте загрижени, бидејќи и вашето дете ќе се чувствува поспокојно. Покажете дека му верувате на лекарот.
2. Еден од начините родителот да го подготви детето за средба со лекарот е да облечи бел мантил и да му покаже што ќе му прави лекарот. На тој начин детето ќе знае што го очекува во ординација.
3. Избегнувајте ги речениците:„Не се плаши“, „Инекцијата нема да боли“. Родителот треба да му каже на детето дека нема да биде пријатно, но дека брзо ќе биде готово.
4. Кога ќе влезете во ординација, ставете го детето на столот, а вие останете покрај него, бидејќи ќе се чувствува посигурно.
5. Кога се носи детето на лекар треба да се понесе и неговата омилена играчка и да се замоли лекарот прво „да ја прегледа“ играчката, за да знае детете што да очекува. Или земете го со вас постарото дете кое лекарот или лекарката ќе го прегледа.
6. По излегувањето од ординацијата детето треба да се прегрне и да се пофали за храброста. Ако е здраво, однесете го во слаткарница, парк, кино, игротеки…1. Однесувајте се спокојно, иако сте загрижени, бидејќи и вашето дете ќе се чувствува поспокојно. Покажете дека му верувате на лекарот.