Светот на возрасните со себе носи многу одговорности и ситуации кои бараат некаква жртва од нас. Пред да се пофалите дека сте зрела и возрасна личност, проверете дали навистина сте созреале.1.Препознајте кога треба да сте вие на прво место, а кога другите. Давајте си предност на вашите потреби доколку навистина треба. Давајте предност на потребите на другите луѓе од вашиот живот дури и кога не им треба тоа. Тоа би бил навистина убав гест од ваша страна.
2.Задржете го младешкиот дух, но не бидете детинести. Останете во контакт со детето во вас, но бидете одговорни за вашите постапки.
3.ЗБорувајте фино, добро и вистинито, дури и кога самите не чувствувате потреба да сте фини, добри и искрени.
4.Бидете нечиј модел, било чиј. Едноставно однесувајте се како да сте надгледувани и како тоа да е важно.
5.Гласајте. Запознајте си ја околината и општеството, и залагајте се за тоа што мислите дека е добро.
6.Излегувајте повремено за да пробате нешто ново. Патувајте, започнете да се бавите со нов спорт или ново хоби, само излезете од вашата комфорна зона.
7.Научете и запаметете некој домашен рецепт, некоја приспивна песничка, или молитва.
8.Правете снежни ангели и песочни замоци. Правете нешто креативно.
9.Праќајте честитки за родендени, писма до пријатели и љубовници, пораки во шишиња. Пишувајте нешто рачно на хартија.
10.Изненадете некого јавно. Приредете им забава. Разговарајте за критиките по истата.
11.Запознавајте ја планетата земја. Истражувајте за природата, растенијата, животните, и раскажете ги некому овие искуства.
12.Правете нешто што го сакате со личноста која ја сакате на места кои ги сакате.
13.Плачете. оставете солзите да ви течат, било од тага или среќа. Не бришете ги, но немојте да се удавите во комплекси и сожалување на самите себе. Најдете сила во вашата ранливост.
14.Простувајте. Ослободете го тој што ви згрешил од вината, но ослободете се и самите себе. Колку и да ви треба време, надминете ја болката, продолжете понатаму, почнете одново.
15.Покажете им на родителите дека ги сакате. Дури и ако светот ви вели дека не заслужуваат, или пак не ве препознаваат повеќе, па дури и ако се починати. Посветете им внимание. Ако можете, прегрнете ги!
16.Оставете љубовта ве однесе во рај или пекол, но таа нека ве води. Не ставајте и ултиматум или рок на траење. Тоа е работа на животот.1.Препознајте кога треба да сте вие на прво место, а кога другите. Давајте си предност на вашите потреби доколку навистина треба. Давајте предност



