Следниот пат пред да посегнете по соларникот размислете добро! Прекумерниот внес на натриум предизвикува оштетување на клетките и го забрзува процесот на стареење, а тој ефект е најочигледен кај луѓето со прекумерна тежина.Имено, новото истражување покажало дека тинејџерите со прекумерна тежина, кои консумираат многу солена храна, побрзо стареат. Американските научници откриле дека таквите млади личности покажуваат знаци на побрзо стареење на клетките, но исто така имаат и поголем ризик од срцеви заболување.Студијата исто така открива дека намалувањето на внесот на сол може да го забави процесот на стареење на клетките, а токму тоа може да биде особено ефикасно кај луѓето кои имаат проблеми со тежината.Претходно е докажано дека заштитните краеви на хромозомите, познати како теломери, природно се скратуваат, а тој процес се забрзува со пушење цигари, недостаток на телесна активност и висок сооднос на телесни масти. Но, оваа студија била прва која го испитала влијанието на внесот на сол на должината на теломерите.Во неа учествувале 776 луѓе на возраст помеѓу 14 и 18 години, поделени во две групи во зависност од внесот на сол. Научниците откриле дека тинејџерите со прекумерна тежина кои внесуваат многу сол имаат значајно пократки теломери за разлика од останатите. Но, кај оние со нормална тежина се воспоставило дека внесот на натриум не игра голема улога во должината на теломерите.
Инаку, теломерите се наоѓаат на краевите на хромозомите и ја штитат ДНК од оштетувања. Како што старееме, теломерите сè повеќе се скратуваат, што доведува до оштетување на ДНК, што пак резултира со поголеми шанси за појава на Алцхајмерова болест, дијабетес и срцеви заболувања.
Следниот пат пред да посегнете по соларникот размислете добро! Прекумерниот внес на натриум предизвикува оштетување на клетките и го забрзува процесот на стареење, а тој ефект е најочигледен кај луѓето со прекумерна тежина.Имено, новото истражување покажало дека тинејџерите со прекумерна тежина, кои консумираат многу солена храна, побрзо стареат. Американските н