Сакате да научите правилно да ја употребувате шминката?

А за неа постојат неколку трикови, кои со задоволство ке ви ги откриемеЗа жената да изгледа совршено и заводливо, не мора да биде нашминкана. Сепак, правилната употреба на маскарата и карминот, можат да бидат од корист…
Од која шминка никогаш не треба да се откажете ?
Сенките и моливот за очи се основните производи без кои не се може. Доколку жената има убаво обликувани усни – карминот е задолжителен.

 
Кои делови од лицето треба да се истакнат ?
Погледот најдобро го изразува сексипилот. За да дојде во прв план, Диего Де Ла Палма предлага користење на црн молив во внатрешноста на окото; погледот ќе биде заводлив и мистериозен. Ако имате темен тем, истиот молив можете да го употребувате и за веѓите, додека жените со посветол тен, треба да користат посветли сенки и посветол молив. Очите ќе изгледаат заводливо, дури кога шминкањето ќе се надополни со маскара.
Кои бои да ги изберете ?
Зависи од жената и модата. Општо, сивата, модите бои и зелената боја се ладни и недоволно секси. Портокаловата, бојата на бакар и сите земјени бои, праќаат сензуални пораки. Жената делува многу позаводливо, ако е страсна, а тоа ќе го постигне со црвен кармин. „ Интелектуален “ изглед се постигнува преку светла пудра што ги истакнува бојата и изразот на очите.За жената да изгледа совршено и заводливо, не мора да биде нашминкана. Сепак, правилната употреба на маскарата и карминот, можат да бидат од корист

Пронајдете не на следниве мрежи: