Камбоџанката Дара Кео, имала само 12 години кога нејзината мајка ја продала на еден богат и моќен човек. А што е застрашувачко, го направила тоа поради коцкарски долг!Нејзината мајка се брани: „Луѓето што работеа за богатиот човек, ми се закануваа дека ќе ме убијат поради коцкарскиот долг на мојот маж“. Таа истакнува дека времињата тогаш биле многу тешки за неа, бидејќи заработувала само 1 долар дневно.
Следното што следи не е реткост за тоа што се случува во Камбоџа, во која постои верување дека сексот со девица може да го продолжи животниот век.
Ја силувал повеќепати дневно
Кео ја однеле кај корумпиран лекар, за да се осигураат дека нејзиниот химен е недопрен. Станува збор за „оправдана грижа“, бидејќи цената за неа не би била висока доколку се испостави дека не е невина.
„Потоа ме однесоа кај човекот што ме имаше купено. Морав да останам кај него 7 дена, во чие времетраење бев силувана повеќепати и тоа без кондом“, истакнува девојката.
Инаку, човекот кој ја купил е истакнат камбоџански политичар, но таа и нејзината мајка одбиваат да го спомнат неговото име. Инаку, тој ја држел во хотелска соба во која доаѓал по два, па дури и до четири пати во текот на денот за да ја силува. По недела дена, таа била цела во модринки и трпела силни болки при движење и уринирање.
Девојките сепак им остануваат лојални на мајките
Ставот во Камбоџа е дека децата постојат со цел да им бидат од корист на своите родители, а не обратно.
За среќа, постојат организации коишто сакаат да и стават крај на ваквата ситуација. Riverkids е невладина организација која им помага на девојките да научат фризерски и компјутерски вештини, со цел да ги поттикнат да бараат работа.
Нејзината мајка се брани: „Луѓето што работеа за богатиот човек, ми се закануваа дека ќе ме убијат поради коцкарскиот долг на мојот маж&ldquo