Најново откритие: Бананите помагаат при многу здравствени проблеми!

Ова е интересно. По ова читање, бананите повеќе нема да бидат исти. Бананите содржат три видови природен шеќер: сахароза, фруктоза и глукоза, како и растителни влакна. Истражувањата покажале дека со само две изедени банани имаме доволно енергија за 90 минутни вежби. Но, бананите може да помогнат и при надминувањето и спречувањето на многу болести издравствени проблеми.Депресија
Според едно скорешно истражување спроведено од MIND на луѓе кои патат од депресија, многумина се чувствувале подобро откако изеле банана. Ова се случува поради тоа што бананите содржат триптофан, протеин кој телото го претвора во серотонин, кој помага да се опуштиме и да го подобриме расположението.
ПМС
Не посегнувајте по пилулите. Изедете банана. Витаминот Б6 во бананите помага во регулацијата на глукоза во крвта, што може позитивно да влијае на вашето расположение.

 
Крвен притисок
Оваа тропска овошка има високо ниво на калиум а ниско ниво на соли, што ја прави совршена за борба со високиот крвен притисок. Толку е од помош, што американската администрација за храна и лекови издала дозвола на индустријата со банани да обзнани дека бананите помагаат во борбата против високиот крвен притисок.
Умствен потенцијал
На 200 ученици во училиштето Твикенхам, Англија им биле послужувани банани за појадок, ужина и ручек со цел да се засили функционирањето на нивниот мозок, што се докажало со подобрени резултати на тестовите.

 
Запек
Поради високото коичество на растителни влакна, добро е да ги вклучите бананите во вашата диета со цел да ја држите функцијата на дигестивниот систем во нормала, што ви помага да го надминете овој несакан проблем без земање на лаксативи.
Мамурлук
Еден од најбрзите начини за совладување на мамурлукот е со милкшеј со банана и мед. Бананата го мирува стомакот, и со помош на медот ги надополнува осиромашените резерви на шеќер, додека млекото го смирува и освежува целиот органски систем.
Горушица
Бананите имаат антикиселинско дејство на телото, па доколку страдате од горушица, ова е идеален начин да се обидете да ја ублажите истата.

 
Утринска мачнина
Каснувањето по некоја банана помеѓу оброците совршено ви помага да го одржувате нивото на шеќер во крвта во нормала и да ги избегнете утринските малнини.
Убоди од комарци
Протријте го каснатото место со внарешнат страна на лушпата од банана. Кај многу луѓе оваа пракса се покажала успешна, значително намалувајќи ги иритацијата и отокот од убодот.
Нерви
Бананите се богати со Б витамини кои помагаат при смирувањето на нервниот систем.
Имате прекумерна тежина и работите? Истражувања при институтот за психологија во Австрија покажале дека притисокот на работното место доведува до поголемо внесување на чипсови, чоколади и друго. При прегледот на 5000 пациенти, истражувачите откриле дека повообичаено било подебелите луѓе да работат под постојан притисок. Истражувањата велат дека за да ја избегнеме паничната потреба  за храна треба да го контролираме нивото на шеќер во крвта, што би се постигнало со внесување на ужина богата со јаглехидрати на секои два часа.

 
Чирови
Бананата се користи како диететска храна во случај на пореметувања во дигестивниот тракт поради нејзината мека текстура и мазност. Бананата спречува зголемување на киселините во желудникот и ги намалува иритациите така што го обложува ѕидот на желудникот.
Контрола на телесната температура
Многу култури гледаат на бананата како на освежителна овошка, која помага при регулирање на телесната, но и „емоционалната“ температура. На пример, во Тајланд, бремените жени конзумираат банани со цел бебето да не се роди со покчена телесна температура.
Значи, бананата е навистина одличен природен лек. Споредена со јаболкото, таа има 4 пати повеќе протеини, 2 пати повеќе јаглехидрати, 3 пати повеќе фосфор, 5 пати повеќевитамин А и железо, и 2 пати повеќе од останатите витамини и минерали. Исто така е богата со калиум, што ја сместува помеѓу највредните прехранбени продукти.Депресија
Според едно скорешно истражување спроведено од MIND на луѓе кои патат од депресија, многумина се чувствувале под

Пронајдете не на следниве мрежи: