Секој од нас посакува мирен сон и доволно време за спиење, но модерниот и брз начин на живот се поретко ни го дозволува тоа. Оваа нова постапка за легнување в кревет ќе ви биде од голема помош.Научниците открија еден метод на темпирање на одењето на спиењето кој ќе ви помогне да се разбудите наспани и одморени секое утро и без проблем да функционирате во вашите дневни активности.
Станува збор за самиот циклус на спиење, кој е поделен во 5 фази. Во првите четири фази го немаме феноменот РЕМ (брзо движење на очите) додека истиот настанува во петтата фаза, односно фазата во која ние всушност сонуваме. Времетраењето на еден ваков циклус изнесува приближно 90 минути.
Многу е важно овие циклуси да не се прекинуваат. На пример, човек кој спиел 8 часа но го прекинал циклусот е значително поненаспан и поуморен од оној кој спиел само 3 часа без притоа да го прекине циклусот.
Затоа, многу е важно јасно да го утврдиме времето кога сакаме да станеме од спиење, и потоа внимателно да го пресметаме точното време кога треба да си легнеме. На пример, доколку треба да станете во 8:00 часот наутро и сакате да станете одморени треба да си легнете во 23:00 или пак 00:30 претходната вечер.Научниците открија еден метод на темпирање на одењето на спиењето кој ќе ви помогне да се разбудите наспани и одморени секое утро и без проблем да



