13 показатели дека се гледате со навистина добра жена

 
Се прашувате дали е таа вистинската? Дали со неа ќе ви биде забавно? Проверете ги следниве показатели и запрашајте се дали нешто од ова сте забележале или забележувате во вашите љубовни врски.
  
1.Ви помага да ги достигнете своите животни цели, но не ве турка со сила кон нив. Ви верува дека ги носите правилните одлуки во вашиот живот. Таа навива за вас, не ве тренира.
2.Не се обидува да ве направи љубоморни. Таа е сигурна во своите вредности,  како и во вашата способност да препознаете колку таа вреди. Таа нема потреба да игра игри со цел да ве намами да ја видите каква навистина е.
3.Таа нема комплекс на принцеза. Таа бара да ја почитувате, затоа што е личност која ја љубите, а не затоа што е жена па е на некој начин надредена над вас. Како што очекува да ги почитувате вашите роднини и пријатели, знае дека и кон не аке се однесувате исто. Добра жена нема да биде во врска со некој кој не си ги почитува најблиските.

 
4.Таа има дел од својот живот кој не ве засега вас. Пријатели, хоби, кариера, што-било. Таа е доволно самоуверена и независна за да не сте и потребни на буквално секое животно поле.
5.Можете без двоумење да ја поканите на на различни настани, било тоа да е скара со пријателите, вечера со вашите родители, делован забава. Таа знае како да се однесува во различни опкруѓувања. Таа е доволно зрела за да остви добар впечаток на вашите познаници и доволно паметна за да знае дека мало опуштање со вашите пријатели не е нешто детинесто.
6.Се грижи за себе. Тоа не значи дека е совршена, туку дека постојано се надоградува. Нема потреба да и кажете дека треба да си реши некој проблем во животот. Таа е свесна за своите проблеми и доволно мотивирана за постојано да работи на нивно решавање. И треба партнер, не татко.

 
7.Кога се наоѓа во ситуација каде не познава никого, самоуверено се претставува на сите. Нема потреба да се стиска до вас и да чека вие да ги иницирате сите социјални активности.
8.Разумен неконзервативен и сталожен работодавач може да ја вработи само со поглед на нејзинат активност на социјалните мрежи.
9.Не се срами да зборува за секс. Ако нешто не и се допаѓа, фино ќе ви каѓе наместо да прави гримаси за да искаже гадење. Вашиот сексуален живот со неа не е некоја тајна во сенка за која таа се срами да зборува. Тоа е зрело и здраво и двајцата се трудите да го одржувате пламенот на страста.

 
10.Таа има милење за многу теми далеку поопшитно од „не знам“ и може смирено и сталожено да разговара за се. Ако таа не се согласува со вас, можете да разговарате за тоа без потреба некој да го крене гласот.
11.таа никогаш не се шегува со пријателите и роднините околу тоа како се мажите глупави и детинести и за слични теми и бабини деветини за тоа како да се стават мажите под контрола.
12.Таа знае што сака во животот. Никогаш не с еобидува своите желби и амбиции да ги прилагоди кон оние на партнерот.
13.Среќни сте што се состанувате со неа, бидејки таа никогаш не оди на љубовни состаноци само за да се каже дека се гледа со некого. Не се плаши да е без партнер и е задоволна сама од себе. Таа се гледа со вас затоа што ја привлекувате и затоа што мисли дека можете да си помогнете еден на дург да станете подобри личности во вашиот заеднички живот.
  
1.Ви помага да ги достигнете своите животни цели, но не ве турка со сила кон нив. Ви верува дека ги носите правилните одлуки во ваши

Пронајдете не на следниве мрежи: