„Немој да го загубиш умот“. Сте ја слушнале оваа изрека многу пати до сега, но таа навистина си држи вода. Вашиот ум е највредното нешто што го поседувате. Морате внимателно да се грижите за него. Затоа ви предложиваме листа од 10 нешта кои можете секојдневно да ги практикувате како добра придобивка за мозокот:Дремнете.
Освежувањето на телото може да ви помогне да ги подобрите мозочните функции, да го зголемите капацитетот на меморијата и да си го подобрите расположението. Дури само 15 минутна дремка може да направи огромна разлика во вашиот живот од ден за ден. Затоа дремнете, освежете се, и помогнете му на вашиот мозок. Дремките ја подобруваат функцијата на мозокот, па тогаш, зошто сте се уште будни?
Правете нешто креативно пред да си легнете.
Кога сте уморни, вашиот мозок може да биде покреативен. Искористете го тоа! Без разлика дали пишувате нов голем роман или ја бришете прашината од старата четка и платното, барањето на вашиот креативен потенцијал пред спиење може да даде одлични резултати. Затоа размрдајте го малиот Пикасо во вас и создадете нешто убаво. Само не заспивајте со четката в раце.
Усредоточете се на една задача во одредено време.
Знаевте ли дека буквално е невозможно мозокот да работи на повеќе нешта истовремено? Со концентрирање на една активност, вашиот мозок може да работи со максимален капацитет и да постигне повеќе отколку што сте помислиле. Најдете некоја задача која треба да се заврши и фокусирајте се само на неа. Оставете го телефонот во друга соба, исклучете го ТВ приемникот, и фокусирајте се. Мозокот ќе ви биде благодарен.
Правете кардио и други вежби.
Сте чуле дека кардио вежбите водат кон поздраво, подобро тело. Тие исто така му помагаат и на умот. Одвојте 15 до 20 минути дневно и движете се. Не ви треба членство во теретана или скапа опрема. Една едноставна прошетка низ соседството може да направи чуда и да донесе многу добри придобивки за мозокот.
Пишувајте… на хартија!
Компјутерите, ајпадовите, паметните телефони и пристапот до интернет насекаде значат дека станува се помалку веројатно дека ке земете лист хартија и ќе напишете нешто. Но истражувањата покажуваат дека рачното пишување може да ве направи попаметни. Затоа оставете го компјутерот на бирото на наредниот состанок и фаќајте белешки во вачиот нотес.
Секојдневно земајте мулти-витамини.
Како што на вашиот автомобил му треба масло, на вашиот аметен телефон му треба енергија во батеријата, така и на вашиот мозок му се потребни хранливи материи. Дневна доза на мулти-витамин ќе ве осигура дека му го давате на телото тоа што му е потребно. Според едно истражување објавено во британското списание за нутриционизам, тоа ќе му помогне на вашиот мозок. Професионален совет: земајте ги мулти-витамините наутро во комбинација со овошен напиток за одличен почеток на денот.
Научете нов јазик.
Учењето на нов јазик е една од најдобрите придобивки за вашиот мозок. Го приморува вашиот мозок да се прилагодува. Учењето на нов јазик ќе го збогати вашиот живот и ќе ви помогне да запознаете нова култура, но исто така носи и големи придобивки за вашиот мозок. Затоа преземете си една Розета, или пак најдете курс на интернет како на пример Дуолинго и научете нешто ново секој ден.
Играјте „Words With Friends“ со пријателите.
Оваа игра е хит и неодолива, но и таа исто така носи придобивки за вашиот мозок. Истражувањата покажале дека оваа и слични игри на зборови го зголемуваат коефициентот на интелегенција и ги подобруваат функциите на мозокот. Играјте ја вашата омилена варијанта на „jabberwock“ и забавувајте се со пријателите додека вашиот мозок просперира од тоа.
Медитирајте.
Медитацијата е најстара и една од најдобрите форми на релаксација. Таа исто така им помаага на вашите тело и ум. Придобивките откриени во ова истражување посочуваат дека од медитацијата придообиваат речиси сите делови од мозокот. Затоа поминувајте одредено време од денот медитирајќи. Ќе се чувствувате поопуштени и исполнети со позитивни мисли.
Бидете оптимисти.
Да се биде оптимистички настроен ви помага не само да уживате во животот, туку прави чуда за вашиот мозок. Истражувањата покажуваат дека кога размислувате позитивно вашиот мозок навистина многу придобива од тоа. Затоа почнете да гледате на животот како на чаша полна, а не празна до половина и подобрете го вашето однесување и функцијата на мозокот.Дремнете.
Освежувањето на телото може да ви помогне да ги подобрите мозочните функции, да го зголемите капацитетот на мемо