Како да „се истренирате“ за да го живеете животот кој го посакувате!

Најтешко од се за да започнете да практикувате некоја навика е всушност самиот почеток. Мотивацијата е тактика која треба самите да ја создадете.Еве 5 навики кои помагаат да престанете да зависите од другите околу вас и да започнете конечно да го живеете животот кој го сакате.
Навика бр.1- Направете ги своите успеси супер лесни
Се можете да постигнете ако навистина го посакате тоа. Такада ако посакате да трчате на маратон, можете да го направите тоа. Со малку мотивација и верба во себе сигурно ќе го постигнете посаканото. Само започнете да работите на тоа.
Навика бр.2- Започнете со малку а потоа градете на големо
Промените во животот е најдобро да ги правите чекот по чекор. Нема ништо срамно во тоа ако на почетокот започнете со малку и немате резултати. Бидете амбициозни.

Навика бр.3 – Пронајдете диета која е лесна, но и задоволувачка во вашата чинија
Нема потреба од ригорозни диети. Јадете го тоа што ќе го сакате, а воедно и прошарајте низ вашата чинија. Велат дека најпрвин треба да го нахраниш окото, па потоа организамот. Вклучете ги јадењата што најмногу ги сакате, диетата нека не ви претставува тортура. И да, изедете и еден сладолед, никој не заслужува да му се скрати тоа повремено задоволство.
Навика бр.4 – Одберете вежба и план кој се вклопува со вашиот животен стил
Колку пати дневно треба да вежбате? Како треба да вежбате? Одговорите на овие прашања зависат од вашиот животен тек. Нема потреба да поминувате 6 дена по ред во теретаната. Фантастични резултати можете да постигнете и за 3 дена вежбајќи по 30 минути.
Навика бр.5 – Пронајдете начини да останете активни
Кој вели дека мора да одите во теретана? Можете да се активирате и на друг начин. Возете велосипед, ролери, пешачете, трчајте.. Тоа се исто така многу добри начини за да останете активни и воедно да ги стопите вашите калории.Еве 5 навики кои помагаат да престанете да зависите од другите околу вас и да започнете конечно да го живеете животот кој го сакат

Пронајдете не на следниве мрежи: