Најмоќен тандем против настинки и вируси: Ѓумбир и лук!

Еден од наједноставните начини да го зајакнете својот организам е користење на силни зачини, кои ќе го забрзаат метаболизмот и ќе го вклучат највисокиот степен на заштита од сезонските проблеми.Лукот и ѓумбирот се најголеми сојузници, но постојат и други билки кои имаат силни лековити својства кои задолжително треба да ги вклучиме во секојдневната исхрана.
 Лук
Лукот, освен што има силно антибактериско, антигабично и антиканцерогено дејство, лукот го намалува холестеролот и го зајакнува имунитетот, поради што се смета за универзален заштитник на здравјето. Богат е со минерали и витамини од групата Б, но негова главна состојка е алицинот, состојка која се должи на антибиотските својства и на не баш пријатниот мирис. Може да се користи во варива, јадења од месо и зеленчук, салати, а најдобро е да се консумира пресен. Доколку го прелиете со маслиново масло, ќе ја ублажите лутината и интензивниот мирис на лукот.
Совет : Лукот исчистете го непосредно пред јадење или како додаток на храна, бидејќи излупен и исецкан, го губи дејството поради оксидација. Непријатниот мирис ќе го отстраните така што ќе џвакате неколку листови магдонос или парче од јаболко.

Ѓумбир
Ѓумбирот е еден од најмоќните заштитници на организмот, содржејќи селен, манган, бета-каротен, витамин Ц, калиум, а неговиот корен, дали свеж или сомелен, достапен е во текот на целата година. Освен што го активира имунолошкиот систем, го смирува желудникот, го стимулира варењето, има силно дурететско, како и антисептичко дејство. Дури и  супа од ѓумбир е вистински мелем за организмот во текот на зимата. Наоѓа широка примена во готвењето и добро се меша со мешунки, ориз и тиква, им дава вкус на сосовите, како и на салати од пиперки и домати.
Совет : Доколку не го поднесувате силниот мирис на ѓумбирот, можете да додадете морков или цвекло.Лукот и ѓумбирот се најголеми сојузници, но постојат и други билки кои имаат силни лековити својства кои задолжително треба да ги вклучиме во секој

Пронајдете не на следниве мрежи: