Ова, тврдат, им помогнало на многумина. Кинескиот доктор др. Лаи Чиу Нан препорачува потполно природен метод на отстранување на камен од жолчката – кој е исклучително опасен – освен што предизвикува болка, доведуваат и до жолтица, па дури и до рак. „Ракот никогаш не е првата болест која се јавува“, вели д-р Лаи, наведувајќи дека, генерално, постојат голем број на други проблеми кои водат до рак. Според неговите истражувања, обично луѓето кои добиваат рак, порано имале жолчни камења.
Еден од симптомите на жолчен камен е чувство на надуеност по тежок оброк. Се чувствувате како да не може да ја сварите храната. Ако работите се сериозни, чувствувате болка во црниот дроб. Значи, ако мислите дека имате камења во жолчката, др. Лаи ги нуди следниве методи да го отстраните, се разбира.
Се наведува дека овој третман е исто така добар за оние со слаб црн дроб, бидејќи црниот дроб и жолчната кеса се тесно поврзани.
Режим:
1. Првите пет дена, земајте по четири чаши сок од јаболка секој ден. Или јадете по 4-5 јаболка, како сакате. Сокот од јаболко ги омекнува жолчните камења. Во текот на тие пет дена, треба да јадете нормално.
2. Шестиот ден не вечерајте.
3. На 18 часа земете кафена лажичка на горка сол ( магнезиум сулфат ) со една чаша топла вода.
4. На 20 часа повторете го истото. Магнезиум сулфат го отвора отворот на жолчката.
5. На 22 часа земете половина чаша маслиново масло (или масло од сусам ), со половина чаша свежо исцеден сок од лимон. Измешајте го добро и испијте го. Маслото ги подмачкува камењата и ќе им го олесни нивниот премин.
Следното утро, треба да најдете зелени камења во вашиот измет. „Обично тие пловат“, вели др. Нан Чиу. „Можеби ќе сакате да ги броите. Имав луѓе кои изброиле 40, 50 или дури и до 100 камења. Многу.“
– Дури и ако немате никакви симптоми на жолчен камен, можете да ја земете оваа природна терапија. Секогаш е добро вашето жолчно кесе да го имате чисто – вели Кинескиот лекар.„Ракот никогаш не е првата болест која се јавува“, вели д-р Лаи, наведувајќи дека, генерално, постојат голем број на други проблеми кои