Остварена е необичната желба на едно девојче

Австралиската научна агенција му се извини на седумгодишното девојче што не успеале да и направат змеј кој ќе исфрла оган.Австралиската научна агенција му се извини на седумгодишното девојче што не успеале да и направат змеј кој ќе исфрла оган, обвинувајќи го недостатокот на истражувања на овие митски суштества за неуспехот. Сепак..
Девојчето по име Софи му пишала на “добриот научник” од Комонвелтовата организацијата за научни и индустриски истражувања (CSIRO) и љубезно го замолила да и направи крилест миленик. “Би го нарекла Тутлес (без заби) ако е девојче или Стујарт ако е момче”, напишала во своето писмо и ветила дека ќе го храни со сирова риба и ќе си игра со него кога не е на училиште.
Софиовото писмо предизвика необични извинувања од 87 годишната стара институција која признава дека нешто пропуштиле.
“Змејовите не постојат” се наоѓа на блогот на сајтот на организацијата.

 
“Изминатите 87 години не успеавме да направиме змеј или змејови јајца”, се наоѓа во извинувањето и додаваат дека научниците ги посматрале вили коњчињата и гуштерите со што личат на змеј. “Нашата работа, всушност никогаш не влегла во домен на митските змејови кои плукаат оган и затоа се извинуваме на цела Австралија”.
CSIRO наведува уште и дека научниците од неодамна разгледуваат начин на кој змејовите произведуваат оган во склоп на развојот на алтернативни извори на енергија.
Целата приказна имала среќен крај кога минатата недела од CSIRO навеле дека благодарејќи на Софи, направиле змеј. “Не можевме ништо да не направме, на крај и ветивме на Софи дека ќе се позанимаваме со тоа”, се наоѓа на блогот. “Тутлес 3Д модел од титаниум стигна на свет во Лаба 22, во нашата фабрика во Мелбурн”.
Сино-сивиот змеј, доволно мал да го собере в рака, моментално е на пат кон домот на Софија во Брисбејн, пишуваат AFP. Австралиската научна агенција му се извини на седумгодишното девојче што не успеале да и направат змеј кој ќе исфрла оган, обвинувајќи го недостато

Пронајдете не на следниве мрежи: