Познато е дека кога еднаш ќе ги зголемите килограмите, многу е тешко да се вратите во „нормална состојба“ подоцна. Многу луѓе се борат со вишокот килограми и со дебелината која може да биде причина за сериозно влошување на здравјето.Во своето издание „Look Great, Feel Good in 2014“ списанието „People“ објави пет успешни приказни на луѓе кои успеале целосно да си го променат животот и изгледот подобро. Овие луѓе покажуваат дека слабеењето и одржувањето на нормална телесна тежина е резултат на решителност, волја, здрава исхрана и физичка активност.
Шери Семјуелс
Некогаш: 116 килограми
Шери постојано консумирала основно брза храна – чипс, сладолед, колачиња, иако семејството ја охрабрувало да ја промени исхраната. Откако самата одлучила дека треба да направи нешто за својата дебелина, таа започнала да вежба редовно и да ја контролира големината на порциите, а и се префрлила на веганска исхрана.
Сега: 61 килограм
Кејтлин Екстром
Некогаш: 119 килограми
Во главно два фактори се „виновни“ за промената на начинот на живот на Кејтлин, која се борела со вишокот килограми уште од пубертетот – тоа што бил откриен рак кај нејзината мајка и тоа што си посвоила енергично куче.
Сега: 58 килограми
Коди Ситон
Некогаш: 159 килограми
„Моето хоби беше храната… постојано јадев, јадев без размислување“ – признал Коди. Еден ден решил да си го промени животот и се зачленил во фитнес клуб. „Одев во таа теретана секој ден и си реков дека ќе се будам еден час порано и дека ќе останувам таму секој ден по 45 минути. Си дадов ветување себеси и навистина ми е мило што го одржав“ – открил тој.
Сега: 79 килограми
Деби Лазински
Некогаш: 144 килограми
Деби признава дека години наназад се хранела основно со леб, тестенини, бели печива и пица. „Се навикнуваш да гледаат на тебе како на невидлива или личност која не вреди, па тоа ја обојува и твојата личност“ – рекла таа за деновите кога секојдневно се мачела со дебелината.
Откако ослабела, таа си ја зголемила самодовербата и изјавила дека се чувствува прекрасно. „Можам да ги прекрстам нозете. Можам да направам сè. Сега верувам во себе“ – изјавила Деби.
Сега: 60 килограми
Џинџер Стафахер
Некогаш: 120 килограми
„Еден ден требаше да се движам низ снег, мислев дека ќе умрам“ – рекла таа и објаснила дека ослабела со трчање.
Сега: 60 килограми
Се надеваме дека ја добивте потребната инспирација!Во своето издание „Look Great, Feel Good in 2014“ списанието „People“ објави пет успешни приказни на луѓе кои успеале целос



