Најпосакувана „невеста“: Марија сакале да ја омажат кога ќе наполни 12 години!

Елефтерија Димопоуолу(40) и нејзиниот сопруг Христос Салис (39) наводно русокосото девојче го купиле за околу 980 евра. За нејзиното мажење планирале да земат голем мираз.Daily Mail пишува дека ромскиот пар од Грција кај кои е пронајдено русокосото девојче, сакале да ја омажат веднаш штом наполни 12 години.
ДНК анализата покажа дека Марија не е во крвно сродство со Елефтерија Димопоуолу(40) и нејзиниот сопруг Христос Салис (39). Тие планирале да ја омажат на 12 години бидејќи според својот изглед таа била најпосакуваната невеста во тамошната ромска заедница.
Се шпекулира дека Марија не била продадена поради договорот околу миразот. Била третирана како „скапа роба“ кон која се однесувале со големо внимание, за да би била заштитена се до нејзиното ромско полнолетство, што е обично 12-тата година. Девојчето имало и своја соба во куќата каде е пронајдена, во средината на Грција.
Полицијата се повеќе располага со докази дека брачниот пар, малечката ја искористувал за танц и просење, а зароботувале и на детскиот доплаток кој го добивале за неа. Соседите велат дека парот ја купил Марија за околу 980 евра.

 
ДНК тестот потврди дека 7 годишното девојче од ромското семејство во Ирска е сепак нивна ќерка вратена кај семејството. Родителите се воодушевени што нивната ќерка е повторно дома, а најавиле и дека ќе побараат правно советување поради постапките кои се користени во случајот.
Русокосата девојка со сини очи земена е од нејзиниот дом во Tallaghtu и ставена е во привремено домско семејство, откако почнаа сомнежите дека таа не е дел од ромското семејство кај кое го нашле девојчето.Daily Mail пишува дека ромскиот пар од Грција кај кои е пронајдено русокосото девојче, сакале да ја омажат веднаш штом наполни 12 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: