Видео+Фото: Мистериозното „бело циганче“ танцувало за пари и питачело

Откриени се нови детали за животот на малечката Марија, синооко и русокосо девојче пронајдено неодамна во еден ромски камп во Грција.Ова видео е снимено пред три недели и на него се гледа како малечката Марија танцува заедно со една жена, и медиумите снимката ја коментираат како деградирачка за девојчето кое било третирано како “панаѓурска мечка”, а нејзините “родители” заработувале на нејзиниот наивен изглед бидејќи ја терале и да питачи.
Засега се знае дека малечката Марија има 4 години и со ДНК е откриено дека не и се родители 39 годишниот Христос Салис и 40- годишната Елефтерија Димополу кај кое беше пронајдена.

 
Против нив полицијата ќе поднесе кривична пријава за киднапирање на девојчето.
Полицијата во нивниот дом откри низа снимки на кое се гледа дека Марија и пред две години била кај нив и тие се изживувале со невиното детенце.
Сепак фотографиите од нејзината соба во ромскиот камп укажуваат дека не била лошо чувана, а во однос на снимките како танцува, семејството вели дека девојчето уживало во танцот.
Сега Марија е преземена од една грчка хуманитарна организација каде ќе остане до крајот на истрагата во која се вклучи и Интерпол и се бараат нејзините биолошки родители кои, според ромското семејство свеоеволно  ја напуштиле.

 
Од друга страна полицијата се сомнева дека Марија е жртва на трговија со деца и дека е донесена од некоја од источноевропските земји.
Ромите неколку пати го смениле исказот во полиција, велејќи дека ја нашле во корпа за отпадоци, потоа дека им ја оставила некоја Бугарка.
Приказната ја објавија сите светски медиуми и досега не се пријавиле родителите на девојчето. Според бледиот тен се претпоставува дека е некаде од скандинавските земји.
Инаку ромското семејство каде израснала имале вкупно 14 деца и за нив примале социјална помош од 9.000 евра месечно.
Погледнете го танцот на „Белото Циганче“:

Ова видео е снимено пред три недели и на него се гледа како малечката Марија танцува заедно со една жена, и медиумите

Пронајдете не на следниве мрежи: