Осум совети за добро расположение

Сите понекогаш се чувствувате како последни губитници, ви се чини сите се поубави и попаметни од вас. Уверени дека сите водат совршен живот за разлика од вас? Мислите дека сите освен вас се родени под среќна ѕвезда? Овој вид на негативни размислувања само ќе ве влече кон дното, затоа престанете уште веднаш со вакви ставови. Еве некои корисни совети за подобрување на вашето расположение:1.Престанете со самокритикување
Тоа е многу лоша навика и нема да ви донесе ништо добро. Особено ако тоа го правите пред други луѓе. Затоа веднаш запрете кога ќе помислите негативно за себе.
2.Не се споредувајте со другите
Ништо не е како што ви се изгледа. Нека не ве заведуваат навидум совршени животи кои се презентираат по социјалните мрежи. Попрво се окупирајте со самите вас и сопствените квалитети. , почнете некој спорт, откријте ново хоби, прочитајте добра книга. Од жалење поради вашиот мизерен живот нема никаква корист.
3.Бидете задоволно со себе
Секако никој не мисли дека е најбитната работа на светот, но вистина е дека она што прво ги заразува луѓето е нашиот изглед. Малку шминка во умерени количини, уредна фризура, облека која го нагласува најдоброто кај вас и нормално јаготката на вкупниот изглед – дискретен парфем, кој ќе ви да де дополнителна самодоверба и веднаш ќе се чувствувате подобро.
4.Не им обраќајте внимание на „хејтерите“ – секогаш ги има
Доколку некој проба да ве омаловажува, навредува, критикува и стално советува, а со тоа само ви ја намалува самодовербата, тој човек не е ваш пријател. Нека хејтерите ве мотивираат, за да им докажете дека сте подобри од нив во секоја смисла на зборот. Никогаш не паѓајте под нивно влијание.

5.Исправете се
Подгрбавеното држење не е добро за вашето здравје, но и испраќа негативна порака. Доколку сакате да оставите добар впечаток, сигурни во себе, секогаш одите со исправена глава.
6.Што подалеку од досадни луѓе
Важно е да бидете опкружени само со позитивни луѓе и супер ќе функционирате во текот на денот. Расположението и ставовите можат да бидат заразни, па кога се дружите со некој таквите ставови влијаат на вас. Избегнувајте ги луѓето кои постојано се жалат.
7.астојувајте да спиете подолго
Осум часа на ден е минимум за добро расположение и нормално функционирање во текот на денот. Настојувајте секогаш да спиете во исто време во текот на денот. Проветрувајте ја спалната соба.
8.Секој ден направете нешто убаво за себе
Припремете си топла бања со миризлива сол, наградувајте се себеси, изговарајте ги наглас вашите позитивности и верувајте во себе…
 1.Престанете со самокритикување
Тоа е многу лоша навика и нема да ви донесе ништо добро. Особено ако тоа го правите пред други луѓе. Затоа

Пронајдете не на следниве мрежи: