Што да правите со вишокот кожа откако нагло ќе ги стопите килограмите?!

По нагло губење на килограмите многу лица имаат проблем со вишокот опуштена кожа која претставува естетски проблем.Освен што жените по породувањето го имаат тој проблем, вишокот опуштена кожа се поврзува со неконтролираното и нагло губење на килограми по интензивни диети или дури оперативни зафати за намалување на желудникот поради претерана телесна тежина.
Кај бавното и здраво губење на килограми нема такви проблеми, бидејќи кожата има време полека да се прилагоди на новата телесна форма. Идеално би било кога телото неделно би губело од 500 до 800 грама. Таа брзина на губење на килограми не би требало да остави никакви траги на кожата.
Што всушност се случува со кожата?
Кај лица кои нагло губат над 25 килограми за кусо време, речиси секогаш може да се очекува вишок опуштена кожа на некои делови на телото, како што се стомакот и долниот дел од грбот, надлактиците, колковите, вратот, т.е. на делови на телото кои имале најмногу насобрани маснотии и најмногу изгубиле во кус период.
Но и возраста, како и генетиката до одредена мера играат улога во прилагодување на кожата. Имено, помладите лица со подобри генетски предиспозиции имаат поголеми шанси кожата во некое догледно време да се стисне во нивните пропорции. Кај лица постари од 30 години, т.е. 35 години, таа можност е намалена, т.е. процесот трае многу подолго или ако не се реши со одредени естетски зафати никогаш не исчезнува во целост.
Исто така, на количината на кожата која останува по губењето на килограмите, влијае и нејзината природна еластичност, општата состојба и здравјето на организмот, па така и на кожата, како и тоа колку долго телото имало преголема телесна тежина, поради која кожата се растегнала. Колку покусо време некое лице имало преголема тежина, толку се поголеми шансите кожата да се врати во нормала, т.е. да се намали на потребната големина.

 

Грижата за телото е грижа и за кожата
Сигурно повеќе пати барем во документарни емисии на телевизија сте виделе како изгледа вишок кожа кај лице кое изгубило 50, 70 па и повеќе килограми. За жал, на таквите лица во поголем број на случаи им треба естетска операција за отстранување на вишокот кожа, при што губат дополнителни килограми, поради тежината на самата кожа.
Но, за да нема забуни, се работи за многу тешки зафати, кај кои опоравувањето е прилично долго и болно, па тие операции се вршат кога нема друг излез или кога во кусо време лицето сака да постигне резултат кој е невозможно да се постигне по природен пат.
Секако, ако вие не спаѓате во таа група, а имате проблеми со вишок опуштена кожа, постојат одредени трикови со кои својата кожа можете да ја доведете во многу подобра состојба.
1. Вежбајте – Ниту еден траен и целосно задоволувачки резултат не може да се постигне без вежбање, а еден од начините да ја зацврстите кожата е зголемување на тонусот на мускулите со кревање на тегови. Притоа, не мислиме дека мора да станете светски првак во боди билдинг, за да ги пополните сите празнини, но сигурно опуштената кожа ќе се намали со зголемување на мускулната маса. Не заборавајте дека вежбањето е добро за организмот, па тоа ќе ја намали можноста за повторно дебелеење, а здравиот спортски живот ќе ви пружи многу предности, а тоа е и поздрава кожа и подобра еластичност.
2. Пијте многу вода – Сите знаеме дека кожата сака вода, а за да ја одржите здрава и еластична, исфрлете ги токсините од организмот и овозможете и природно зацврстување. Конзумирајте барем две литри вода днево, а летно време и повеќе.

 
3. Масажа – Во проблемот со опуштена кожа може многу да помогне масажа, бидејќи таа ја враќа еластичноста на кожата. Исто така, масажа на дневна база ќе помогне во развојот на мускулите. Купете креми и масла за масирање, кои ќе помогнат на вашата кожа да се нахрани од внатре, што ќе помогне во постигнување на саканиот резултат. Ако на почетокот не сте сигурно што да направите, побарајте помош во салоните за нега на кожа, каде стручни лица ќе ви помогнат во првите чекори за намалување на вишокот кожа. Подоцна и самите ќе знаете да ги продолжите третманите дома. Купете намирници богати со витамин Е, потоа на база на глицерин, масло од бадеми, косос. Туширајте се само со гелови за туширање кои во себе содржат природни масла.
4. Редовни пилинзи – Познато е дека со пилинг на кожата се отстрануваат површинските мртви клетки, а со тоа се поттикнува и нејзино брзо регенерирање. Деловите на телото со вишок на кожа третирајте ги со лесен пилинг три пати на ден, што ќе овозможи побрзо обновување на кожата, а притоа и нејзино собирање. Не заборавајте по пилингот да нанесете хранлива хидратантна крема.
5. Здрава прехрана и прехранбени додатоци – Храна со малку заситени масти, шеќери, како и многу витамини и минерали ќе помогне за општо здравје на телото, но и на кожата. Купете витамински додатоци во прехраната посебно наменети за кожа, што дополнително ќе помогне за поздраво и побрзо регенерирање на кожата. Јадете храна богата со омега 3 масни киселини, кои имаат посебно влијание на здрава кожа и ги намалуваат кожните воспалителни процеси.
Запомнете дека се работи за многу бавен процес, а на некои жени засекогаш ќе остане тој несреќен вишок на кожа. Но, ако веќе сте ослабеле многу килограми, значи дека во себе имате волја уште малку да се потрудите околу вашата кожа. Но, овој процес веројатно ќе биде подолг од самото губење на килограми, затоа бидете трпеливи. Побарајте помош во салони за убавина или пак кај дерматолог, а на крај секогаш можете да се одлучите за операција за остранување на вишок кожа, ако другите методи не помогнат или нема да бидат задоволителни.Освен што жените по породувањето го имаат тој проблем, вишокот опуштена кожа се поврзува со неконтролираното и нагло г

Пронајдете не на следниве мрежи: