сабота, 28 ноември 2026
Најново

5 Совети за брза промена на вашиот изглед, кои треба да ги применувате еднаш месечно

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Привремените мали промени можат многу да го подобрат вашиот изглед и начинот на кој другите ве гледаат.Привремените мали промени можат многу да го подобрат вашиот изглед и начинот на кој другите ве гледаат. Кога ќе одлучите дека е дојдено времето за промена, најдобриот и прв избор би требало да биде промената во вашиот изглед. Еве пет практични начини да изгледате свежо и убаво без да потрошите многу пари.
Најдете нова сенка и руменило
Новата сенка за очи и руменилото нема да бидат од голема корист ако незнаете како да ги користите правилно. Златно правило за шминката е дека таа постои за да го разубави лицето, да ги истакне убавите црти и да ги прикрие несовршеностите. Тајната е во тоа да изберете сенка која додатно ќе ги нагласи вашите очи, ви препорачуваме сенката да биде во неутрална боја(никогаш нема да погрешите со земјените нијанси). И руменилото е важно, бидејќи ги менува структурите на вашето лице. Одлучете се за светло руменило во боја на праска.
Дајте и нов облик на веѓите
Доколку се вашите веѓи премногу ретки или тенки, тогаш е време да направете нешто со нив. Можете тоа самите да го направите или во салон.

Сменете ја фризурата
Косата е премногу битна за еден изглед на секоја жена, бидејќи момчињата ги привлекуваат девојки со долга и убава коса. Ако сакате промена поврзана со косата, постојат две опции: можете да ја сменете фризурата и малку да ја скратите или продолжите со екстензии. Можете да пробате и со шишки кои додатно ќе го сменат вашиот облик и изглед. И другата опција е да ја смените бојата на вашата коса, секогаш кога ќе посакате да ја смените бојата на вашата коса, користете природни нијанси и секако посете експерт за таа  примена.
Нова насмевка
 Колку пати сме слушнале дека насмевката е таа што највеќе заведува. Белите заби навистина можат да направат огромна разлика, а модерните техники за избелување на забите се многу ефикасни и безболни. Ласерското избелување на забите е моментален тренд. Во случај да неможете да си дозволите професионален третман, купете паста за избелување на заби, таа ќе ги отстрани флеките и ќе му даде нов и свеж изглед на вашите заби. Добар трик за да ја истакнете белината на вашите заби е да користете кармин или сјај со црвена нијанса, така тие ќе изгледаат три пати побели.
Купете нов парфем
Мирисот на жените е многу битен кај мажите, но многу од жените не ни обрнуваат внимание на тоа и користат било каков парфем. Изберете парфем кој одговара на вашиот стил и изглед, без разлика што многу луѓе нема да го приметат тоа, суптината е вие да се чувствувате поинаку, а тоа е и целта. Вашиот парфем треба да зборува за вас и нанесувајте го на места каде што сакате да ве бакнуваат.Привремените мали промени можат многу да го подобрат вашиот изглед и начинот на кој другите ве гледаат. Кога ќе одлучи

Поврзани вести