Тројца ученици ја допирале пред целото одделение и го снимале тоа со мобилен!

Се бранат со тврдењето дека тоа не и пречело.Откако тројцата ученици од трета година во училиштето „Rade Metalac“ од Лесковац сексуално ја вознемирувале четиринаесет годишната ученичка од прва година, денес во училиштето владее вонредна состојба, а случајот го истражува и полицијата.
После сето тоа, девојчето побарало помош и од психијатар.
Инцидентот, кој учениците успеале да го снимат со мобилен телефон, се случил вчера во 11 часот
-Почнало како игра во ходникот која продолжила во училницата и која се претворила во вознемирување. Еден ја гушкал, друг ја држел за градите, а еден за задниот дел од телото, тоа повеќе пати се повторило. Сето тоа е снимено и избришано од мобилен телефон, а полицијата се обидува да ја врати избришаната снимка.
Изјава давале професорите, родителите на девојчето и сите вработени во училиштето.

 
Таткото на девојчето е огорчен.
-За нас ова е обид за силување и затоа ќе поднесеме тужба. Мојата ќерка доживеа голем шок, како и целото наше семејство- раскажува  таткото.
Момчињата и нивните родители велат: На неа ништо не и сметаше. Дури кога излезе рече дека ќе ја запомниме и не пријави. Се исплаши поради снимката.
Таа приказна ја подржуваат и многу професори но и другарките на девојчето кои не присуствувале додека се случувало тоа.
-Тие и мене се обидуваа да ме допираат но јас им покажав каде им е местото. Требало порано да им се спротивстави- вели една од нејзините другарки.
-Без оглед на приказната за игра, лично не можам да ги оправдам учениците кои гледале што се случува а не реагирале. – вели 

Пронајдете не на следниве мрежи: