Жени јадете чоколадо! Добро е за вашето здравје!

Следниот пат кога ќе посегнете по ред чоколадо, немојте да се чувствувате виновни, затоа што таа може да биде многу добра за нашето здравје.Долго време има различни мислења дали чоколадата е здрава или штетна за нашето здравје.И штом ќе не развесели некое истражување кое ни препорачува да без вина уживаме во чоколадото, се појавува друго кое омилениот десерт ни го претставува како непријател број 1 на нашето здравје.

Еве неколку факти зошто треба да јадеме чоколадо а особено жените.
Може да ја намали болката
Едно истражување покажало дека рецепторите на болката многу споро реагираат додека јадеме чоколадо.Сепак, ова истражување покажало дека баш тој позитивен ефект може да доведе до гојазност и дека во чоколадата треба да се ужива но со мера.
Превентивно делува на компликации во бременоста
Теобобин, супстанца која се наоѓа во чоколадото може даго намали ризикот од прееклмпсија, една од најчестите компликации со кои се соочуваат трудниците.Во овој случај изборот треба да биде темна чоколада, што поголем процент на какао толку подобро.Прееклампсијата е примарно поврзана со висок крвен притисок кај трудниците и редовното конзумирање на темно чоколадо може да го намали ризикот од прееклампсија за неверојатни 69%.

Силен борец против ПМС
Чоколадата го отпушта хормонот на среќата ендорфин и на тој начин ја смалува анксиозноста, а покрај тоа е преполна со магнезиум кој важи за еден од подобрите природни подигнувачи на расположение, кој спречува задржување на вода во организмот и ја смалува надуеноста.Според ова воопшто не е чудно зошто бараме чоколадо за време на ПМС.
Штити од болести на срцето
Шведските истражувачи спровеле истражување кое докажало добро влијание од чоколадото на болестите на срцето.На волонтерите кои јаделе чоколада без шеќер со 72 % какао, им се намалила за 18 % активноста на ензимите кои предизвикуваат висок крвен притисок.
Помага да останете витки
Звучи неверојатно, но едно истражување покажало дека луѓето кои редовно земаат мала количина на темно чоколадо имаат помал индекс на маса.Испитаниците кои редовно ( неколку пати неделно) јаделе чоколадо биле послаби од оние кои јаделе само повремено.
Колку често вие јадете чоколадо?
С.А.Долго време има различни мислења дали чоколадата е здрава или штетна за нашето здравје.И штом ќе не развесели некое ис

Пронајдете не на следниве мрежи: