Дедо Владо наполни 100 години-Преживеал две војни, четири држави и знае многу претседатели!

Еден од најстарите кумановци Владо Станишковски кој вчера го прослави стотиот роденден преживеал две војни, четири држави и знае многу претседатели.Овој витален старец со мали проблеми на видот и слухот го дочека столетието на своите плеќи во кругот на многубројното семејството.
– Здравјето почна слабо да ме служи, нозете ме болат, стоте години тежат, не се носат лесно. Семејството многу ми помага  изјави дедо Владо Станишковски.
Здравата храна не е причина за долговечноста на дедо Владо. Добрината, искреноста и чувството на задоволство од таквиот чесен и мирен живот полн со мака но и оптимизам придонело овој човек да преживее цел век и да влезе во единаесеттата деценија од животот.
-Дедо ми ќе го опишам како добар, искрен човек, човек кој никогаш не зборува лоши работи, одлично е да се живее со него и сум горд на својот дедо изјави Сашо Станишковски внук на дедо Владо.-„Сакаат четирите деца да јадат, а татко ми и браќата ме избркаа во едно сопче ама јас се снајдов, не бирав работа. Тогаш можев ама сега веќе не можам“,  изјави дедо Владо Станишковски.
Повеќе на mkd-news.comОвој витален старец со мали проблеми на видот и слухот го дочека столетието на своите плеќи во кругот на многубројното

Пронајдете не на следниве мрежи: