Фото: Што може да ви се случи доколку не ја отстранувате шминката на време?

Дали на крајот од денот ја отстранувате шминката од вашето лице пред да си легнете? Daily Mail спроведе истражување кое покажа дека една третина од жените легнуваат да спијат со шминка најмалку два пати во неделата. Овие жени го прават тоа иако знаат дека ако не ја измијат шминката од лицето пред спиење ќе им направи флеки на кожата и ќе им ја направи истата сува.
Со цел да се убеди и самата што точно предизвикува неотстранувањето на шминката на лицето пред спиење, новинарка од Daily Mail,  Ана Паргслав, намерно не ја отстранувала цел месец. Лицето го “чистела” единствено кога се туширала.
Во “мерењето на штетата” и помогнал Ник Миеџиановски-Синклер од козметичко студио. Со помош на 3Д камери ги набљудувал промените на кожата тој месец – пигментација, испукани вени, проширени пори и брчки.
Новинарката секој ден си стававла на лицето прав, маскара, моливче за очи и сјај за усни. Секоја вечер легнувала на спиење без отстранување на шминката и чистење на лицето, а наутро кога се туширала лицето само го миела.
По експериментот, проценката на козметичкото студио покажала дека текстурата на кожата на лицето се влошила за околу 10%, а влажноста на кожата се намалила за 5%. Кога кожата е сува и брчките се повеќе изразени, појаснуваат од студиото. Освен тоа, кожата на лицето станала поцрвена.
По еден месец не неотстранување на шминката, кожата и биолошки изгледала за 10 години постара.
Погледнете го експериментот на Ана Паргслав која не ја чистела шминката цел месец пред легнување.
Daily Mail спроведе истражување кое покажа дека една третина од жените легнуваат да спијат со шминка најмалку два пати во неделата. Овие жени го пр

Пронајдете не на следниве мрежи: