Девојче се обесило бидејќи било силувано од тројца малолетници

Тинејџерката Одри Пот  ја силувале тројца другари од училиште, но во злоставувањето учествувала и една нивна другарка. Тие ги фотографирале нејзините интимни делови, а тие фотографии ги делеле низ училиштето. Одри поради тоа се одлучила за самоубиство.Американката Одри Пот од Северна Калифорнија(15) извршила самоубиство, осум дена откако нејзините врсници ја силувале додека таа била во несвесна состојба. Децата сексуално ја злоставувале на една забава во Северна Калифорнија.
Таа не можела да го истрпи понижувањето, бидејќи тие во текот на силувањето ја фотографирале, а потоа фотографиите ги делеле на врсниците во училиште и ги поставиле на интернет.
Во свирепото изживување учествувала и една нивна другарка, која им се придружила. Нивните имиња не се објавени затоа што се малолетни.
-Имам репутација како девојка за една ноќ. Цело училиште знае што се случило иако дури и не се сеќавам на таа ноќ. Плачам откако видов што ми направиле. Мојот живот е уништен- напишала Одри во последната порака на Фејсбук пред самоубиството.
Трагичниот настан се случил во септември минатата година, а во меѓувреме за сексуално злоставување со обвинети малолетниците кои денес имаат 16 години.
Истрагата докажала дека 15-годишната девојка била нападната додека лежела на кревет во несвесна состојба. Судскиот процес е уште во тек.Американката Одри Пот од Северна Калифорнија(15) извршила самоубиство, осум дена откако нејзините врсници ја силувале

Пронајдете не на следниве мрежи: