Митови кои не сте ги знаеле за стриите

Стриите знаат да бидат честа појава кај луѓето. Најмногу ги фрустрира жените кои дефинитивно не сакаат да ги гледаат на сопственоото тело. Постојат неколку митови за стриите кои сигурно не сте ги знаеле и дефинитивно ви гоо заматуваат умот. 1. Не постои начин за спречување на настанувањето на стриите
Постојат различни начини како ризикот да го сведете на минимум. Најважно е да водите сметка за исхраната, поточно за количината и видот на намирници кои ги внесувате. На тој начин килограмите ќе ги држите под контрола, а кожата ќе остане затегната.
2. Трудниците секогаш имаат стрии
Вистина е дека кај многу трудници има голем број на стрии, но не е точно да тие се единствените кај кои настануваат. Секој кој нагло се здебелува и слабее има големи шанси да стане жртва на овој проблем. Тоа се однесува и на мажите, децата, но и на жените кои не се бремени.
3. Во текот на бременоста стриите се појавуваат само на стомакот
Иако кожата најмногу се растегнува во пределот на стомакот, за жал тоа не е единственото место на кое се појавуваат. Може да се појават и на градите, задникот, рацете и бедрата.
4. Кремите за стрии помагаат само кога сте кон крајот на бременоста
Многу е важно превентивно да користите креми и лосиони, секојдневно, уште во првите месеци. За да ги постигнете најдобрите резултати, покрај кремите и препаратите, масирајте ја кожата со ракавица или четка додека се туширате за да ја подобрите циркулацијата, но и внесувајте храна богата со витамини Е и Ц, како и со цинк.
5. Стриите исчезнуваат кога ќе ги намалите килограмите
Во некои случаи стриите може да избледат, но сепак кога еднаш ќе се појават постои голема шанса дека никогаш нема да се изгубат, затоа што кожата тешко се враќа во првичната состојба.
6. Кај жените со темен тен не може да приметите стрии
Сите белези на кожата се познаваат, без разлика дали имате светол или темен тен. Вистина е дека се помалку очигледни, но тоа не значи дека доколку потемните стриите ќе се изгубат, посебно ако се бели.
7. Стриите може да исчезнат ако од време на време се користи крема 
Ова секако не е точно, бидејќи за тие да се изгубат или  барем намалат потребно е да бидете дисциплинирани и одговорни.
8. Стриите не се појавуваат кај тинејџерите и малите деца
Стриите се најчеста појава кај тинејџерите и децата кои брзо растат, така што ова во никој случај не е точно. За среќа, бидејќи нивното тело е сè уште во развој, стриите брзо се лечат.
9. Стриите не може привремено да се сокријат
Постојат пудри и препарати кои може да ги сокријат промени на кожата, но тоа е само привремено решение кое може да послужи ако носите гардероба која не ги прекрива деловите на кои имате стрии.
10. Пластичните операции помагаат во исчезнување на стриите
Постојат многу третмани освен овие зафати. Пилингот со разни хемикалии, ласерски третман, светлосна терапија се само некои од опциите кои може да ги примените доколку го имате овој проблем. Сепак, избегнувајте ги овие неприродни методи за време на бременоста и задржете се до лосионите и мелемите.1. Не постои начин за спречување на настанувањето на стриите
Постојат различни начини како ризикот да го сведете на м

Пронајдете не на следниве мрежи: