Зошто ги триеме отсечените краеви на краставицата?

Многупати сте слушнале дека треба да се тријат краевите на краставицата откако ќе ги отсечете, но не знаете зошто е тоа така. Во прилог ви прикаживаме што се крие зад ова тврдење.Честопати и самите сте ги триеле отсечените краеви од останатиот дел од краставицата затоа што сте наслушнале дека на тој начин ќе ја извадите горчливоста од нив. Но ова тврдење не е точно или како што народот милува да каже, тоа се само “бабини деветини”.
Некои краставици можат да бидат горчливи, особено на краевите, а најдобар начин да се ослободите од горчливоста на краевите е едноставно да ги отсечете и да не ги јадете. Краставиците, на краевите каде што растел цветот, содржат ензими кои предизвикуваат прекумерно омекнување на краставицата и појава на горчлив вкус. Горчливоста од остатокот од краставиците најдобро се отстранува ако ги исечете на парчиња, ги посолите и ги оставите да отстојат. Потоа измијте ги и додајте ги на салатата.Честопати и самите сте ги триеле отсечените краеви од останатиот дел од краставицата затоа што сте наслушнале дека на

Пронајдете не на следниве мрежи: