Полната месечина лошо влијае на сонот

Научниците кои откриле докази на „лунарното влијание“, во студијата која ја спровеле со помош на 33 доброволци наведуваат дека полната месечина негативно влијае на сонот и значително го нарушува.Доброволци спиеле во лабораториски контролирани услови, а кога Месечината била тркалезна, ним им требало повеќе време да заспијат и имале значително полош квалитет на сонот наспроти тоа што биле во затемнета просторија, пишува списанието „Current Biology“.
Истражувачите  исто така забележале пад во нивоата на хормонот мелатонин кој е поврзан со природниот циклус на внатрешниот часовник на организмот.
Кога надвор е темница, телото произведува повеќе мелатонин, а изложеноста на светлина во текот на ноќта може да го наруши природниот ритам на организмот и нивото на мелатонин.
Доброволците не биле свесни за целта на студијата и не можеле да ја видат Месечината од своите кревети.
Резултатите покажале дека мозочната активност поврзана со длабокиот сон опаднала за третина за време на полната Месечина како и нивото на мелатонин. 
Извор:kurir.mkДоброволци спиеле во лабораториски контролирани услови, а кога Месечината била тркалезна, ним им требало повеќе време

Пронајдете не на следниве мрежи: