Неодамна е спроведено истражување кое покажало дека без разлика на фактот што живееме во 21-ви век, многу малку време посветуваме за нега на нашето лице и тело. Главната причина лежи во недостаток на време кое го имаме се помалку заради брзиот начин на живот.
Растргнати меѓу домашните обврски, мажот, децата и секојдневните проблеми, понекогаш ни се чини дека жените станале машини за перење, готвење, чистење, пеглање… Од припадничките на понежниот пол се очекува секогаш да можат да направат се.
Затоа време е конечно да направите нешто за себе. Еве наши предлози како на најбрз и наједноставен начин да се подмладите и разубавите.
Нова фризура
Научно е докажано дека кога жената се чувствува задоволна со својата коса, таа е сигурна во себе и посамоуверена. Оваа промена често има најголем визуелен ефект, па жената знае мудро да го искористи. Во просек, секоја жена годишно променува дури четири фризури, додека пак мажите и по четири години носат една фризура.
Третман и масажа на лице
Во зависност од типот на кожата и ефектот кој сакате да го постигнете, одлучете се за една од богатите понуди на третмани за лице кои ги нудат салоните за убавина ширум земјава. Освен што ќе ве опушти, овие масажи го успоруваат стареењето, го подобруваат тонусот на кожата и циркулацијата на мускулите и помагаат во ослободување со стресот. Ќе видите дека вашата кожа ќе ви биде благодарна.
Патување
Спремете ги куферите и заминете на некоја дестинација. Ќе ги наполните батериите, ќесе ослободите од стресот и чувствувате препородено, а сето тоа ќе се одрази на вашиот изглед. Ако не сте во можност да си дозволите да отпатувате на некоја егзотична дестинација, не се секирајте. Секогаш можете да отидете во некоја бања каде што ќе го добиете истиот ефект.
Маникир и педикир
Рацете многу говорат за нас. Освен што е важно да се негуваат за да бидат нежни и меки, битно е и да се води сметка за нивната хигиена. На најголемиот број на мажи им се допаѓа кога жената има француски маникир затоа што изгледа уредно и женствено.
Неодамна е спроведено истражување кое покажало дека без разлика на фактот што живееме во 21-ви век, многу малку време