Бикини депилација без болки

Да се биде жена значи секогаш да се биде средена, чиста коса, убави нокти, испеглана облека и уредно депилирана. Ние жените уживаме во сето ова, но од време на време секоја дама им завидува на мажите за нивната слобода и отпуштеност, особено пред некој болен третман.

Убаво е да се биде жена, но истовремено е и болно. Иако уживаме во третманите за убавина, кога станува збор за бикини депилацијата, многупати сакаме и да ја избегнеме.
Кога сме веќе кај депилација на интимните делови, иако е болно и мора да се истрпи, ќе ви предложиме неколку трикови кои ќе ви ја намалат болката.

1. За почеток, многу е битно да одите во салон за убавина  во кој знаете што ве очекува. Доколку до сега не сте имале прилика да посетите некој салон, посоветувајте се со вашите пријатели и распрашајте се каде може да најдете салон со вработени со кои може да се чувствувате опуштено и да добиете добра услуга.
2. Внимавајте на својот менструален циклус. Најидеално време за депилација на бикини зоната е после седмиот ден од менструацијата, кога прагот на толеранција на болката е највисок. Затоа за време на ПМС не ги посетувајте салоните.

3. Третманот за депилација договорете го во период помеѓу 15 и 17 часот. Сспоред некои тврдења на нас жените токму тогаш прагот на издржливост на болка ни е најголем.
4. Оставете ги влакната да пораснат барем две до три недели пред да одите на депилација. Исто така, пожелно е да не се изложувате на сонце барем 24 саати пред и после третманот. Ако веќе правите пилинг на бикини линијата, правете го еден ден пред депилацијата. Пределот намачкајте го со бебешко масло за да ги омекнете фоликулите на влакната.

5. Ако сте нервозни заради третманот, можете да се напиете аспирин или бруфен еден час пред депилацијата. Тоа го намалува чувството на болка.
6. Два дена после депилацијата избегнувајте потешки тренинзи, потење и тесна облека. Тоа може да доведе до создавање на бубљици, особено ако сте испотени, а носите синтетичка облека.
 Да се биде жена значи секогаш да се биде средена, чиста коса, убави нокти, испеглана облека и уредно депилирана. Ние ж

Пронајдете не на следниве мрежи: